Поранешниот селектор на украинската фудбалска репрезентација, Андриј Шевченко ќе потпише договор со Џенова до 2023 година со опција за продолжување на уште една сезона, соопшти новинарот Николо Шира. Тренерот ќе заработува 1,8 милиони евра годишно во Џенова, плус бонуси.

Во стручниот штаб на Шевченко ќе бидат Андреа Мулдера и Мауро Тасоти, кои соработуваа со него во репрезентацијата на Украина.

Четириесет и петгодишниот Шевченко ја водеше украинската репрезентација од 2016 до 2021 година.

Џенова за која настапува нашиот Горан Пандев, по 12 натпревари во Серија А има само една победа, шест нерешени средби и пет порази и се наоѓа на 17. место на табелата.