Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МЗ: Активни над 7.500 случаи со ковид-19, се преговора за лекот „Молнупиравир“

0
By Sashko on November 6, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 6, 2021 09:16

Засега, според здравствените власти, нема рапиден раст на бројот на новозаболени од ковид-19 и предлози и препораки од Комисијата за заштита од заразни болести. Епидемиолошката состојба се следи и врз основа на тоа ќе се носат препораки за натамошно спречување на ширењето на вирусот.

Во претходното деноноќие се регистрирани уште 606 заразени лица со кои бројот на активни случаи се искачи на 7.552. Веќе се почнати и преговори со производителот на лекот „Молнупиравир“ кој може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на ковид-19. Тој лек се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажале дека хоспитализацијата со негово користење е намалена за 50 отсто.

Според податоци од анализите што ги прават епидемиолозите од ИЈЗ, во изминатава седмица не е забележано рапидно зголемување на позитивни од тестирани на ковид-19. Од регистрираните нови позитивни случаи од 32 града во државата, забележано е зголемување од 3,7 отсто во однос на претходната седмица. Најголем дел од новозаразените се од Скопје. Нема притисок и во болниците. На територијата на цела држава во ковид-центрите се хоспитализирани вкупно 423 пациенти со ковид-19. Засега нема нови предлози и препораки од Комисијата за заразни болести за заштита од ковид-19, информираа од Министерството за здравство (МЗ).

Потенцираат дека дека секоја вакцина што ја имаат на располагање е безбедна и апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2. Сите вакцинални пунктови низ државата, како што најавија, ќе работат и во текот на денот.

Податоците на МЗ покажуваат дека во период од 6 август до 4 ноември на територијата на државата, како позитивни на ковид-19, се потврдени 48.955 граѓани. Од нив 28 отсто, односно 13.886 лица, биле целосно вакцинирани.

Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид-19. Според статистиката за изминативе два месеци, 35.069 граѓани, односно 72 отсто, од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 78 отсто, додека само 22 отсто од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата на вакцинирани од позитивни случаи со ковид-19, што вчера ја објави МЗ.

Во период од 6 август до завчера на територијата на државата починале 1.688 пациенти како последици од ковид-19. Од нив 1.376 пациенти, односно 82 отсто, не биле вакцинирани, а само 18 отсто, односно 312 примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, што беа објавени вчера за претходното деноноќие, од направени 3.257 тестирања се регистрирани нови 606 случаи со ковид-19, седум починати и 320 оздравени пациенти. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата достигна  205.022, а на оздравени пациенти е 190.266, а на починати е 7.204. Активни се 7.552 случаи со ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.400.249 милионми тестирања.

Активни случаи Ковид-19 Македонија МЗ молнупиравир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.