Времето денеска во земјава ќе биде умерено до значително облачно и релативно топло. Во утринските часови, по одделни котлини, ќе има појава на магла, а долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветар од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од седум до 13 степени, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде магливо со појава и на ниска облачност, а од пладневните часови сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10 степени, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во следните денови ќе се задржи претежно стабилно и релативно топло време. Во претпладневните часови по котлините ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Благо опаѓање на температурите ќе има од средината на наредната седмица.