Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спано: Нема пресуди против Северна Македонија за дискриминација на Бугари

0
By Sashko on November 6, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 6, 2021 09:35

Секоја земја-членка на Советот на Европа е обврзана со Конвенцијата да ги спроведува пресудите на Судот за човекови права, а нивното извршување го следи Министерствиот совет, наведува првиот човек на ЕСЧП. Нема пресуди во Стразбур против Северна Македонија за дискриминација на Бугари, порачуваат од Скопје.

Претседателот на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), Роберт Спано вчера во одговор на прашањето на МИА за неспроведувањето на 16-те пресуди за Бугарија за прекршување на човековите права и правото на здружување на македонското малцинство, нагласи дека постои јасна разлика меѓу улогата на Судот да изрекува одлуки и посебниот оддел на Советот на Европа кој го надгледува спроведувањето.

Претседателот на Судот не е тој што треба јавно да дава коментари. Меѓутоа, општото начело е сосема јасно, тоа е дека секоја земја-членка на Советот на Европа е обврзана со Конвенцијата да ги спроведува пресудите на Судот. Во голем број пресуди Судот потсетува на ова начело и државата мора да ги спроведе одлуките на Судот во духот на Конвенцијата, подвлече Спано.

Таа обврска, додаде тој е недвосмислена и јасна.

Тоа е општата изјава што би сакал да ја дадам по тоа прашање, меѓутоа не е моја улога јас да дадам коментар за конкретни поединечни чувствителни прашања меѓу две земји во однос на спроведувањето и одредени видови пресуди, оцени Спано.

Спано исто така додаде дека кога се работи за спроведување и извршување одлуки на Судот, одговорноста на Министерскиот совет е да го следи процесот.

Во таа смисла многу е јасно дека општата легитимност е авторитетот на системот и причината за неговото постоење е кога Судот за човекови права во Стразбур ќе изрече обврзувачка пресуда на поединечна земја-членка. Таа земја-членка со тоа што е потписничка на Конвенцијата има направено суверен избор дека ќе се смета за обврзана, тоа е логичкиот тек, меѓутоа како се одвиваат работите во секој конкретен случај треба министерскиот совет да ги обезбеди, а не Судот, посочи претседателот на Европскиот суд за човекови права Спано на прес-конференцијата во Скопје со министерот за правда Маричиќ, пред почетокот на регионална конференција на тема „Ефикасен поврат на имот во согласност со европските стандарди“.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров вели нема пресуди во Стразбур против нашата земја за дискриминација на Бугари. Тој го повтори ставот дека бугарското вето за нашиот почеток на преговори со Европската Унија, всушност не е само блокада кон нас, туку и кон ЕУ.

Таа блокада сакале или не, е блокада на македонско-бугарското пријателство, тоа ќе доведе до речиси неповратно оддалечување, изјави вчера Димитров во гостувањето на „Утрински брифинг“ во врска со очекувањата дека ќе има промена на ставот на Софија до декември, но и можноста Албанија да истапи сама на патот кон ЕУ.

Тој смета оти е тешко дека до декември ќе се направи нешто. Позитивна интерпретација би била дека Бугарија постепено би се повлекла од некои барања, а негативната е, вели, кога не обвинуваат за дискриминација, а тоа, како што посочува, не е така.

Немаме поплаки, нема пресуди во Стразбур против Македонија за дискриминација на Бугари. Тие не можат да нѐ разберат за историјата, вели Димитров.

Тој додава дека Бугарите сметаат оти треба да влезат во македонскиот Устав.

Тоа е долг процес. Обратно не е можно, оти Бугарите велат дека нивниот Устав не е таков, истакнува Димитров.

Вицепремиерот за европски прашања нагласува дека последниве години биле отворени пет прашања, а потоа следело уште едно, пописот.

Мора да се седне да се разговара. Лидерство е потребно од двете страни и да најдеме разумни решенија. Ова стана европски проблем затоа што Софија го одведе до Брисел. Да почекаме да видиме, кој ќе биде соговорникот со новата бугарска влада. Мора да бидеме поодговорни кон себе и да немаме преголеми очекувања секој декември и секој јуни, вели Димитров.

Во однос на соработката на државата со судот во Стразбур, министерот за правда Бојан Маричиќ рече дека е од исклучително голема значење, бидејќи добрата соработка ќе значи намалување на бројот на апликации од Северна Македонија во ЕСЧП.

Од име на Владата во септември го потпишав и Протоколот 16 на Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи, кој претставува еден важен документ со коj се унапредува соработката на домашните судови со Европскиот суд за човекови права. Со тоа како Влада ја потврдивме безрезервната определба да ги спроведуваме стандардите на Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи и праксата на Европскиот суд за човекови права, посочи Маричиќ на прес-конференцијата во Скопје со Спано.

Со овој Протокол, како што рече тој, се уредува можноста највисоките судови од земјава, да побараат од Европскиот суд за човекови права да даде советодавни мислења за принципиелни прашања во врска со толкувањето или примената на дефинираните права и слободи во Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи или нејзините протоколи.

Министерот за правда изрази надеж дека ратификација на овој Протокол ќе се случи наскоро.

Бојан Маричиќ Бугари дискриминација ЕСЧП Македонија Никола Димитров пресуди Роберт Спано Стразбур
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.