Пожарот што синоќа изби во блокот 3 на РЕК Битола бил набрзина изгаснат и нема повредени, се наведува во соопштението на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).

„Синоќа изби пожар на блок 3 во РЕК Битола, еден од двата блока со кои во моментот работеше комбинатот (блок 1 и 3). Огнот изби во 22:50 часот на изолатор на трансформаторот на блок 3, надвор од електраната. Нема повредени, а огнот е брзо изгаснат“, порачуваат од ЕСМ.