Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Прес-конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска
Премиерот на пацифичкото кралство Тонга, Похива Туионетоа денеска изјави дека во земјата е регистриран првиот случај на ковид-19 од почетокот на пандемијата. Тонга, што е лоцирана на околу 2.300 километри северно од Нов Зеланд, ги затвори границите уште на почетокот од пандемијата и досега немаше заболени лица. Вирусот е потврден кај патник кој се враќал од Нов Зеланд, кој заедно со другите 214 лица се изолирани и ставени во карантин по нивното враќање во Тонга на 27 октомври. Во авионот имало сезонски работници и претставници на олимпискиот тим на Тонга кои заглавија во Нов Зеланд на враќање од Олимписките игри…
Американската хуманитарна помош за Авганистан и авганистанските бегалци, како последица на хуманитарната криза во земјата, оваа година ќе биде зголемена за 144 милиони долари и ќе изнесува вкупно 474 милиони долари, соопшти Националниот совет за безбедност во Вашингтон. Советот за национална безбедност наведува дека поддршката нема да биде испратена преку талибанската влада, туку преку независни хуманитарни организации. Нашите партнери обезбедуваат животна заштита, засолниште, основна здравствена заштита, помош во храна, вода, санитарни и хигиенски услуги како одговор на растечките хуманитарни потреби влошени од недостигот на здравствена заштита, сушата, неухранетоста и претстојната зима, изјави портпаролката на Советот за национална безбедност, Емили Хорн…
Долго време се обидувам да се држам настрана од случувањата околу локалните избори на социјалните мрежи. Дури и ми е „бљак“ сè што читам, по толку години верглање, исто па исто. И факт е дека не верувам во никој. Но, не можам да премолчам преку некои работи, иако молчев со месеци. По соопштената коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Левица за мнозинство во Советот на Град Скопје, ми се врати се што доживувавме како новинари пред пет-шест години, а очигледно и понатаму ќе го доживуваме, напиша новинарката Мери Јордановска во пост на нејзиниот Фејзбук профил. Господинот Апасиев нè тужи кривично, како новинари,…
Земјотресите кои утрово беа регистрирани во близина на албанско-македонската граница ги вознемирија дебрани, посебно оние во станбените згради. Тие ги напуштија своите домови и одреден временски период останаа во дворовите на зградите, а некои заминаа кај свои блиски кои живат во куќи. Ќе одиме кај мојата ќерка, која живее во куќа. Таму ќе бидеме побезбедни. Куќата е едноспратна, па ако повторно затресе можеме побрзо да излезeме. Живееме на петти кат, страшно беше, вели жителка на станбена зграда. Епицентарот на земјотресите е во областа на пограничното рударско гратче Булќиза, на триесеттина километри од Дебар. Од вчера во 17 часот, кога е…
Против поранешниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо е поднесена прекршочна пријава пред судот во Албани, соопшти денеска судскиот портпарол во државата Њујорк, пренесуваат британските медиуми. Портпаролите на Куомо не беа достапни за коментар. Куомо поднесе оставка од гувернер на државата Њујорк во август, по 10 и пол години на функцијата. Неговото заминување следуваше по истрагата која откри дека Куомо сексуално вознемирувал 11 жени. Обвинителката на државата Њујорк, Летиција Џејмс кажа дека петмесечната независна истрага заклучила дека Куомо се однесувал на начин што ги прекршува федералните и државните закони.
Индустријата за канабис во САД, и покрај глобалната пандемија, е во пораст. Продажбата во минатата година достигна 20 милијарди долари, оваа година е 26 милијарди, а се предвидува дека ќе се зголеми на 45,9 милијарди во 2025 година, јави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на податоци од „Марихуана Бизнис Дејли“ (МБД). Продажбата од речиси 46 милијарди долари ќе ја направи индустријата за канабис поголема од индустријата за занаетчиско пиво, рече извршниот директор и претседател на МБД, Крис Волш. Големите продажби во САД не треба да бидат изненадување, бидејќи повеќето Американци моментално живеат во држави каде што некој облик на канабис е легален.…
Во Музејот на Македонска борба за самостојност денеска ќе се одржат активности во рамки на одбележување на 98-годишнината на Република Турција. Во рамки на свеченоста ќе биде отворена изложба на фотографии „Од Ататурк до Републиката“ и ќе се одржи „Конференција за реформите на Ататурк и републичките достигнувања“.
Битолски актери вечерва во НУ Центар за култура, премиерно ќе ја изведат претставата за деца на знаковен јазик „Три“ чиј режисер е Јован Ристовски. Станува збор за прв културен проект од ваков вид во земјава подготвен на знаковен јазик за глувонеми и наглуви лица кој, освен во Битола, ќе биде претставен и во уште седум градови низ државата. Претставата „Три“ е инспирирана од легендата на Марко Цепенков за овчарот и трите самовили, а обременета со еколошките проблеми на денешницата. Наменета е за широка детска публика, но истовремено и за деца кои се со оштетен слух, глувонеми или наглуви. Во театарската…
Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново, кај клучката Градско, сообраќајот на автопатот Е-75 во правец на Граничниот премин „Богородица“ ќе биде пренасочен на другата сообраќајна лента. Пренасочувањето на сообраќајот ќе трае во следните три дена, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта утрово низ државата се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено…
На плоштад „Македонија“ во Скопје, од денеска до недела ќе се одржи третото издание на „Пчеларски саем“, проект на Град Скопје. Главен покровител и домаќин е Град Скопје, а организатор е Пчеларската федерација на Македонија. На штандовите во трите дена од манифестацијата ќе бидат изложени мед и пчелни производи од целата држава, но и пчеларска опрема.
Денеска ќе биде одбележан Светскиот ден на штедењето (31 октомври) со онлајн настан во организација на Македонската банкарска асоцијација (МБА). Според најавата, одбележувањето ќе се одржи во хибриден формат, а ќе се обратат претседателка на МБА, Маја Стевкова-Штериева, министерот за финансии, Фатмир Бесими, вицегувернерка на Народната банка, Ана Митреска и директорот на Фондот за осигурување на депозити, Амир Шабани.