Против поранешниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо е поднесена прекршочна пријава пред судот во Албани, соопшти денеска судскиот портпарол во државата Њујорк, пренесуваат британските медиуми. Портпаролите на Куомо не беа достапни за коментар.

Куомо поднесе оставка од гувернер на државата Њујорк во август, по 10 и пол години на функцијата. Неговото заминување следуваше по истрагата која откри дека Куомо сексуално вознемирувал 11 жени.

Обвинителката на државата Њујорк, Летиција Џејмс кажа дека петмесечната независна истрага заклучила дека Куомо се однесувал на начин што ги прекршува федералните и државните закони.