Author: Sashko

Кризата поради пандемијата на коронавирус предизвика „најголем пад на миграциските текови досега“ во земјите на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во 2020 година. Според годишниот извештај за миграција, падот на бројот на луѓе кои доаѓаат во земјите членки е 30 отсто. Намалување се забележува во сите категории на имиграција во текот на изминатата година, кога во земјите на ОЕЦД пристигнаа 3,7 милиони луѓе. Иако привремената работна миграција нагло опадна во повеќето земји, една категорија беше исклучок во 2020 година, а тоа се сезонските земјоделски работници. Жан-Кристоф Димон, шеф на Одделот за меѓународна миграција на ОЕЦД, рече дека имигрантите…

Read More

Лидерите на најголемите светски економии викендот ќе се соберат во Рим на првиот Самит на Г20 во живо од почетокот на пандемијата, а главни теми ќе бидат ковид-19, економското закрепнување и климатските промени. Како што пренесуваат странските агенции, американскиот претседател Џо Бајден ќе ја испрати пораката „Америка се врати“, по четири години „остра дипломатија на Доналд Трамп“, додека рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг ќе учествуваат преку видеоврска. Поради нивното отсуство, намалени се очекувањата од Самитот, кој вообичаено е форум за договори меѓу сојузниците и ривалите од различни сили – од САД и Кина до Турција, Индија,…

Read More

Барселона на полноќ објави дека ја прекинува соработката со тренерот Роналд Куман, а веќе има негов наследник во една од клупските легенди Чави Ернандез кој му рече „да“ на шпанскиот фудбалски гигант. До официјализирање на соработката, на Чави му останува да го раскине договорот со катарски Ал Сад, пренесуваат шпанска „Марка“ во веста со наслов „Чави му рече „да“ на Лапорта“. Исто така се наведува дека е веќе договорен и стручниот штаб на Барселона во кој на Чави ќе му асистираат неговиот брат Оскар и Серхио Алегре додека кондициски тренер ќе биде Иван Торес. Отказот за Куман следеше по поразот…

Read More

Бројот на внатрешно раселени лица кои бараат подобар живот достигна светски рекорд – 48 милиони луѓе се бегалци од нивните земји поради разни видови конфликти, изјави специјалниот известувач на ОН за внатрешно раселени лица Сесила Хименез-Дамари за време на говорот пред Третиот комитет на Генералното собрание на светската организација. Бројот на луѓе кои ја напуштаат својата татковина поради вооружени конфликти и насилство достигна 48 милиони ширум светот. Ова е највисокиот број внатрешно раселени лица досега регистрирани, додаде Дамари. Таа смета дека се повеќе луѓе, поради климатските промени, ќе ги напуштаат своите домови во потрага по храна. Исто така вели дека зголемениот…

Read More

Раководството на Европската Унија (ЕУ) потврди дека ги поддржува напорите за формирање на независна држава Палестина и дека и натаму е посветена на надминување на палестинско-израелскиот конфликт врз основа на решение за формирање на две држави. Палестинскиот премиер Мохамед Шајех во Брисел имаше одделни средби со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел. За време на разговорите се фокусиравме на напорите за формирање на палестинска држава и за регионални теми. Ја потврдив определеноста на Европската Унија за решение врз база на воспоставување на две држави, напиша Мишел на…

Read More

Повеќе од 30 случаи на насилство и закани врз авганистански новинари се пријавени во изминатите два месеца, а во речиси 90 отсто од случаите, сторители се талибанците, новите владетели на Авганистан. Од случаите на насилство пријавени од Авганистанското здружение на новинари, повеќе од 40 отсто биле тепање, а останатите 40 отсто се закани со насилство. Други случаи вклучуваат еднодневни апсења на новинари. Еден новинар е убиен. Повеќето од актите на насилство им се припишуваат на талибанците, кои насилно ја презедоа власта во Авганистан во средината на август. Извештајот е објавен во време кога талибанците се обидуваат да воспостават дипломатски односи…

Read More

Државната изборна комисија (ДИК) утрово од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола го презеде доверливиот избирачки материјал што ќе биде користен во вториот круг од локалните избори. Државната изборна комисија за вториот круг ангажира над 400 лица за техничка поддршка на избирачките места и надминување на проблемите од употребата на апаратите за отпечаток од прст, изјави Александар Даштевски, претседател на ДИК. Лично сметам дека вториот круг ќе се реализира во најдобар ред и побрзо. Намалената динамика на избирачкиот процес на одредени избирачки места во првиот круг, предизвикана од новата технологија и употребата на фингерпринт во вториот круг ќе биде подобрена за…

Read More

Поради наглото влошување на епидемиолошката состојба, словенечката Влада одлучи да воведе построги рестриктивни мерки кои ќе стапат во сила од понеделник, а не се исклучени и нови доколку продолжат негативните трендови. Од понеделник сите ученици и студенти кои се „самотестираат“ за да можат да посетуваат настава, тоа во иднина ќе треба да го прават два пати неделно наместо еднаш како што беше случај досега. Дополнително, од понеделник се воведуваат почести редовни задолжителни тестирања во здравствените и социјалните установи, а маски ќе треба да носат и вакцинираните, доколку се во директен контакт со други лица. Епидемиолошката слика е лоша, се движиме…

Read More

Холанѓанецот Роналд Кумен повеќе не е тренер на Барселона, објави каталонскиот клуб на својата официјална веб-страница ноќеска. Претседателот на клубот, Жоан Лапорта, ја соопшти одлуката по поразот од Рајо Валјекано. Роналд Куман ќе се збогува со тимот во четврток. Барселона сака да му се заблагодари на тренерот за неговата работа и да му посака се најдобро во професионалната кариера, стои во соопштението за медиумите. Куман ја презеде тренерската функција во Барселона во август 2020 година. Под негово водство тимот одигра 67 натпревари на кои забележа 40 победи. Во тековната сезона, Барселона има само пет победи од 13 натпревари во сите…

Read More

Заменик режисерот на филмот „Rust“ (‘Рѓа), кој на Алек Болдвин му предаде пиштол со кој актерот подоцна ја уби директорката на фотографија, призна пред истражителите дека не ги проверил сите куршуми во оружјето со кое беше застрелана Халин Халинс. Дејвид Халс се сеќава дека, откако оружарката Хана Ред Гутереш му го покажала пиштолот, видел само три куршуми. Рече дека требал да ги провери сите, но не може да се сети дали таа го проверила чкрапалото, изјави детективката Александрија Хенкок. Ладен пиштол Во извештајот стои дека сведоците слушнале оти Халс „викнал“ ладен пиштол што се однесува за пиштол без куршуми или…

Read More

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ препорачуваат прилагодување на брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Read More

Бројот на активни случаи на ковид-19 во земјава се зголемува. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), активни се 6.395 случаи од кои најголем број во Скопје – 3203. Во Куманово има 455 активни случаи, во Велес – 328, во Прилеп – 257, во Битола – 216, во Кавадарци – 211, во Штип – 207, во Охрид – 192, итн. Од Министерството за здравство (МЗ) соопштија дека во текот на завчерашниот ден се аплицирани вкупно 6.089 дози на вакцини од кои 709 како прва доза, 1.148 се ревакцинирани, а 4.232 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со…

Read More