Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Строги безбедносни мерки: Рим викендот домаќин на Самит на Г20, ангажирани 500 војници

0
By Sashko on October 28, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 28, 2021 12:16

Лидерите на најголемите светски економии викендот ќе се соберат во Рим на првиот Самит на Г20 во живо од почетокот на пандемијата, а главни теми ќе бидат ковид-19, економското закрепнување и климатските промени.

Како што пренесуваат странските агенции, американскиот претседател Џо Бајден ќе ја испрати пораката „Америка се врати“, по четири години „остра дипломатија на Доналд Трамп“, додека рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг ќе учествуваат преку видеоврска.

Поради нивното отсуство, намалени се очекувањата од Самитот, кој вообичаено е форум за договори меѓу сојузниците и ривалите од различни сили – од САД и Кина до Турција, Индија, Саудиска Арабија, Бразил, Австралија и Европската Унија.

Важна тема на состанокот се и климатските промени во пресрет на Самитот за климата КОП26, кој почнува во понеделник во Глазгов.

Се очекува лидерите да го потврдат договорот за минимален данок од 15 проценти за глобалните корпорации и да разговараат за економското закрепнување по пандемијата и поврзаните ризици, како и за нееднаквата вакцинација на земјите.

Италијанскиот премиер Марио Драги рече дека самитот „го означува враќањето на мултилатерализмот, по мрачните години на изолационизам и изолација поврзани со здравствената криза“.

За Самитот се спроведуваат строги безбедносни протоколи, особено по судирите на почетокот на овој месец во центарот на Рим меѓу полицијата и демонстрантите против задолжителните ковид сертификати на работното место.

Привремено се воведени гранични контроли, со отстапување од Шенген зоната, додека зоната за забранети летови е на сила над поголемиот дел од Рим. За безбедноста на самитот се мобилизирани 500 војници.

безбедност Г20 мерки Протоколи Рим Самит Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.