Барселона на полноќ објави дека ја прекинува соработката со тренерот Роналд Куман, а веќе има негов наследник во една од клупските легенди Чави Ернандез кој му рече „да“ на шпанскиот фудбалски гигант.

До официјализирање на соработката, на Чави му останува да го раскине договорот со катарски Ал Сад, пренесуваат шпанска „Марка“ во веста со наслов „Чави му рече „да“ на Лапорта“.

Исто така се наведува дека е веќе договорен и стручниот штаб на Барселона во кој на Чави ќе му асистираат неговиот брат Оскар и Серхио Алегре додека кондициски тренер ќе биде Иван Торес.

Отказот за Куман следеше по поразот на Барселона од Рајо Валјекано.