Author: Sashko

Во моментот нема потреба од прогласување на кризна состојба во делот на енергетиката, а надлежните уверуваат дека цената на струјата за домаќинствата ќе остане иста до крајот на годината. Доколку има потреба, ќе се интервенира, велат од Владата. Оттаму не очекуваат поголеми ценовни шокови. Премиерот Зоран Заев не очекува инфлацијата да надмине три отсто до крајот на годинава и вели дека државата е целосно подготвена за стабилизирање на цените од енергетскиот шок кој се случува во Европа. Инфлацијата не очекуваме да биде поголема од три проценти, а според последните податоци кои ги имаме е 2,8 проценти. Не очекуваме зголемена инфлација…

Read More

На три дена до крај на кампањата за вториот круг од локалните избори, се засилуваат активностите и средбите со граѓани на кандидатите и партиите, но не изостануваат и меѓусебните обвинувања на опонентите. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев синоќа од Куманово повторно повика на обединување, како што рече, кумановци обединети да го сочуваат социјалдемократскиот дух, прогресивноста и напредокот. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, на митингот од скопската населба Лисиче, порача дека победата е на дофат и оти недостасува само уште еден голем исчекор на 31 октомври. Претседателот на СДСМ, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не го скршил ниту бастионот, ниту прогресивноста на…

Read More

Суданскиот премиер Абдала Хамдок и неговата сопруга синоќа беа ослободени и тие се вратија во нивниот дом, во луксузното одморалиште во Картум, соопштија локалните власти. Нивното апсење се случи во понеделникот наутро кога армијата прогласи вонредна состојба и генералот Абдел-Фатах Бурхан ја презеде власта во земјата. Воен претставник изјави дека куќата на Хамдок била под „силно обезбедување“, пренесоа британските медиуми. Бурхан вчера изјави дека го уапсил премиерот поради негова лична безбедност и најверојатно ќе го ослободи наскоро, но предупреди дека другите членови на соборената влада би можеле да се соочат со судење поради уличните протести што избија по пучот. Доцна…

Read More

Бројот на активни случаи на ковид-19 во земјава изнесува 6.191 од кои најголем број (3177) се регистрирани во Скопје. Во Куманово има 433 активни случаи, во Велес 316, во Прилеп 243, во Битола 207, во Кавадарци 196, во Штип 191, во Охрид 183, во Кочани 166, итн. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје за изминатите 24 часа, при направени 3.622 тестирањe, регистрирани се 511 нови случаи со ковид-19, 10 починати и 497 оздравени пациенти. Во период од 15 до 21 октомври починале 124 пациенти со ковид 19, од кои над 78 отсто биле невакцинирани. Од вкупно починатите…

Read More

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска ќе се обрати на панелот „Берлински процес – Што следи?“ во рамки на дводневниот Белградскиот безбедносен форум. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Димитров учествува на Форумот на покана на Белградскиот центар за безбедносни политики, како дел од организаторската тројка. „Вицепремиерот Димитров, заедно со претставници на Европскиот парламент и тинк-тенк секторот, ќе се осврнат на актуелните прашања во врска со резултатите од Берлинскиот процес и исполнувањето на очекувањата, како и идните можности за искористување на оваа платформа за регионална соработка и европска интеграција на регионот“, соопшти СЕП.

Read More

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност и со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат под нулата. Ќе дува слаб до умерен северен ветар. Следува период на стабилно време, со појава на умерена облачност. Минималните температури на повеќе места ќе бидат негативни, а од петок ќе има пораст на температурите, особено на утринските. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. В четврток утринската температура ќе биде од минус три до пет степени, по што постепено ќе се зголемува и ќе се движи од два до 10 степени. Максималната температура…

Read More

Шпанската Влада денеска одобри пакет мерки за заштита на потрошувачите од поскапувањето на електричната енергија, соопшти Владата на Твитер. Пакетот е усвоен со цел да се прошири заштитата на потрошувачите поради поскапувањето на електричната енергија, се вели во соопштението. Пазарот станува потранспарентен за да го олесни донесувањето на одлуки и да им помогне на индустриите да склучат долгорочни договори за електрична енергија. Со цел да се обезбеди транспарентност, Владата воведува нови обврски за енергетските компании, кои ќе ѝ овозможат да дознае за механизмот за одредување на цените. Компаниите мора да и достават на Националната комисија за секторски пазари и конкуренција транспарентни информации…

Read More

Министрите за енергетика на Европската Унија (ЕУ) не донесоа никакви конкретни одлуки како одговор на енергетската криза, соопшти еврокомесарката за енергетика, Кадри Симсон по завршувањето на вонредниот состанок на министрите за енергетика. Имаме јасен мандат од лидерите на ЕУ да ги искористиме сите наши алатки за справување со кризата. Европската комисија претстави пакет мерки, сега мора да ја продолжиме оваа работа. Треба да ги заштитиме нашите потрошувачи и бизниси, рече таа, без да презентира конкретни мерки против кризата. Еврокомесарката појасни дека ЕК во декември ќе претстави стратегија за премин од природен гас на водород, јави Бгнес.

Read More

Кинеската полиција соопшти дека трага по маж кој убил седум лица во градот Вухан, а потоа скокнал од мост. Осомничениот 39-годишник убил петчлено семејство, а потоа уште две лица при бегството, соопшти полицијата во Вухан. Тој во неделата вечерта дошол во домот на привремениот секретар на владејачката кинеска Комунистичка партија во едно село во близина на Вухан, тврдејќи дека треба да реши нешто со него. Секретарот на партијата и неговата сопруга биле пронајдени мртви, како и нивната снаа и двајца внуци. При бегството, осомничениот убил и случаен минувач и возач кому му го украл автомобилот. Убиецот побегнал до мостот на…

Read More

По секој прекин на некоја врска, остануваат спомени и секакви „сувенири“ од несудената љубов. Некои ги кријат по куќата, други ги фрлаат или ги даваат некому, а трети ги уништуваат. Но, тука е загрепскиот Музеј на пропаднати љубовни врски. Кога решија да ја раскинат својата долгогодишна врска на почетокот на 2000 година, продуцентката Олинка Виштица и уметникот Дражен Грубишиќ се обидоа да најдат место каде што би можеле да ги остават сентиментално значајните предмети што ги споделувале еден со друг. Одлучивме да тргнеме по друг пат. Споделивме многу работи заедно, но едно од нашите омилени беше малото зајаче…

Read More

Само 23 отсто од Полјаците го поддржуваат заострувањето на реториката и начинот на кој постапува Владата на конзервативната партија „Право и правда“ во спорот со Европската Унија (ЕУ) за реформите во судството и независноста на полските судови, покажа најновата анкета на ИБРИС. Најголем дел од испитаниците (40,8 отсто) од трите понудени одговори избрале дека владата на Матеуш Моравјецки мора да го заврши спорот што е можно поскоро и да ги прифати условите што се поставени од Брисел, додека став на 32,5 отсто од Полјаците е дека Владата треба да почне да бара компромис и отстапки во некои работи. Премиерот Моравјецки…

Read More

Петгодишно дете тешко околу 54 килограми почина како последица на компликации од ковид-19, што е најмлада жртва од опасниот вирус во Албанија. Според албанските медиуми детенцето било осум дена во болницата во Саранда по што било транспортирано во Турција. Поради влошената состојба, момчето беше транспортирано за поспецијализиран третман во Турција, но не успеа да го победи невидливиот непријател и почина во болница во Турција, наведува „Ора њуз“. Според официјалната статистика на Министерството за здравство, детето од Саранда е 2.881 жртва од ковид-19 во Албанија, каде од почетокот на пандемијата во март лани, вирусот е дијагностициран кај преку 800 деца.

Read More