Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров денеска ќе се обрати на панелот „Берлински процес – Што следи?“ во рамки на дводневниот Белградскиот безбедносен форум.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Димитров учествува на Форумот на покана на Белградскиот центар за безбедносни политики, како дел од организаторската тројка.

„Вицепремиерот Димитров, заедно со претставници на Европскиот парламент и тинк-тенк секторот, ќе се осврнат на актуелните прашања во врска со резултатите од Берлинскиот процес и исполнувањето на очекувањата, како и идните можности за искористување на оваа платформа за регионална соработка и европска интеграција на регионот“, соопшти СЕП.