Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкета на ИБРИС: Полјаците бараат Владата да направи отстапки за крај на спорот со ЕУ

0
By Sashko on October 26, 2021 СВЕТ
Фото: kafkadesk.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 26, 2021 13:02

Само 23 отсто од Полјаците го поддржуваат заострувањето на реториката и начинот на кој постапува Владата на конзервативната партија „Право и правда“ во спорот со Европската Унија (ЕУ) за реформите во судството и независноста на полските судови, покажа најновата анкета на ИБРИС.

Најголем дел од испитаниците (40,8 отсто) од трите понудени одговори избрале дека владата на Матеуш Моравјецки мора да го заврши спорот што е можно поскоро и да ги прифати условите што се поставени од Брисел, додека став на 32,5 отсто од Полјаците е дека Владата треба да почне да бара компромис и отстапки во некои работи.

Премиерот Моравјецки во понеделникот во интервју за „Фајненшл тајмс“ го обвини Брисел дека и поставува барања на Полска „со вперен пиштол во челото“ за да ги исполни.

Полскиот премиер Моравjецки: Европската Унија нѝ впери пиштол в глава

Моравјецки се закани дека Полска ќе се брани со сето расположливо оружје доколку ЕУ  започне, како што рече, „трета светска војна“ со лишување на земјата од пари од Фондот за обнова по пандемијата на Ковид-19 поради недоволно валидно владеење на правната држава и спорот околу независноста на полското правосудство.

– Порано или подоцна ќе ги добиеме парите. Колку подоцна ги добиеме, толку појасно ќе биде како Европската комисија постапува на дискриминаторски и диктаторски начин. Дури 88 отсто од Полјаците сакаат да останат во ЕУ, а половина од нив се од нашата партија. Убедени сме дека Полска мора да остане во Унијата. Нема ризик од полегзит, рече Моравјецки.

Полска доби извесно време по неодамнешниот самит на ЕУ, бидејќи претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен рече дека и покрај барањата на некои членки и резолуцијата на Европскиот парламент, новиот механизам за условување пари нема да се применува додека Судот на ЕУ во Луксембург не одлучи по жалбата на Полска и Унгарија против тој механизам.

На зборовите на Моравјецки за „вперениот пиштол во главата“ и за „третата светска војна“, таа одговори дека ЕУ е проект кој многу успешно придонел за воспоставување траен мир меѓу земјите-членки и дека во него нема место за воена реторика.

анкета Влада ЕУ Матеуш Моравјецки Полска Свет спор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.