Петгодишно дете тешко околу 54 килограми почина како последица на компликации од ковид-19, што е најмлада жртва од опасниот вирус во Албанија. Според албанските медиуми детенцето било осум дена во болницата во Саранда по што било транспортирано во Турција.
Поради влошената состојба, момчето беше транспортирано за поспецијализиран третман во Турција, но не успеа да го победи невидливиот непријател и почина во болница во Турција, наведува „Ора њуз“.
Според официјалната статистика на Министерството за здравство, детето од Саранда е 2.881 жртва од ковид-19 во Албанија, каде од почетокот на пандемијата во март лани, вирусот е дијагностициран кај преку 800 деца.