Author: Sashko

Според последните официјални податоци од српското Министерство за здравство, во изминатите 24 часа во земјата се регистрирани нови 5,908 случаи на коронавирус од 19,718 направени тестови, а починале 62 пациенти. На респиратори во српските болници се наоѓаат вкупно 274 лица додека вкупниот број на хоспитализации во моментот е 6,721. Во Србија, од почетокот на пандемијата, се забележани 1.104.117 милиони случаи на ковид-19. Процентот на смртност во земјата е 0,87.

Read More

Европската Унија (ЕУ) изрази голема загриженост за воениот удар во Судан и повика на мирен транзициски процес, јави дописничката на МИА од Брисел. Според вестите кои пристигнуваат од Судан, воените сили го ставиле претседателот во домашен притвор и уапсиле неколку членови од владата. Десет илјади луѓе денеска протестираат на улиците на главниот град на Судан, Картум поради воениот удар, а според очевидци и локалните медиуми имало и судири и престрелки, а има и повредени луѓе. Во градот нема интернет, а аеродормот е затворен. https://novatv.mk/aktsija-na-vojskata-vo-sudan-premierot-abdula-hamdok-i-grupa-ministri-vo-domashen-pritvor/ Европската Унија денеска реагираше преку портпаролката Набила Масрали задолжена за надворешна политика. Европската унија повикува на…

Read More

Американскиот производител на лекови „Мерк“ денеска соопшти дека ЕМА, регулаторна агенција на ЕУ, отворила постапка за оценување на експерименталниот лек на компанијата против ковид-19. ЕМА ја почна првата континуирана евалуација на податоците за лековите, што значи дека ќе ги оценува податоците веднаш штом ќе станат достапни, наместо да чека формална апликација откако ќе се соберат сите податоци. Студиите на „Мерк“ покажаа дека лекот „молнупиравир“ за околу 50 отсто ги намалува хоспитализациите и смртните случаи од ковид-19. Компанијата „Мерк“, која го развива „молнупиравир“ со партнерот „Риџбек Биотерапевтика“, на 11 октомври поднесе барање до американскиот регулатор за итна употреба на лекот. Група…

Read More

Две лица загинаа, а најмалку девет се повредени во експлозија на универзитет во источна Кина, јавија денеска кинеските државни медиуми. Експлозијата се случила во вчера попладне на Универзитетот за аеронаутика и астронаутика во Нанџинг. Властите ја истражуваат причината за експлозијата, објави кинеската државна телевизија ЦЦТВ (CCTV). Идентитетот на жртвите не е соопштен. На веб-страницата на училиштето се наведува дека над 1.000 странски студенти посетувале курсеви за инженерство, бизнис и кинески јазик, но не е јасно колку останале откако Кина почна да воведува ограничувања за патувања поради пандемијата.

Read More

Полскиот премиер Матеуш Моравиецки ја обвини Европската Унија (ЕУ) дека им вперила пиштол во главата, барајќи од неговата земја да ги повлече судските реформи по закана за санкции. Полска е во жестока конфронтација со ЕУ поради низата контроверзни судски реформи. Брисел смета дека реформите ги попречуваат демократските слободи, додека Полска вели дека тие се потребни за да се искорени корупцијата меѓу судиите. Во интервју за „Фајненшл тајмс“, Матеуш Моравиецки ја повика ЕУ да ја поништи одлуката да бара од Европскиот суд на правдата да ѝ изрече парична казна на Полска за реформите. Тоа би било најпаметното нешто што можат да…

Read More

По пауза од речиси две години, од утрово во центарот на Атина се вратија сообраќајните ограничувања со повторно воведување на мерката пар-непар за возилата со цел да се намали метежот низ улиците, јави дописничката на МИА од Атина. Возилата со регистарски таблички што завршуваат со парни броеви можат да влезат во конкретно дефинираното централното градско подрачје, само во парни денови од месецот, додека оние што завршуваат со непарни броеви можат само во непарни денови. Исклучок од мерката има за електричните, хибридните и возилата на природен гас, за ЕУРО 6 автомобилите кои испуштаат под 120 грама на километар јаглерод диоксид, за…

Read More

Суданските вооружени сили го уапсиле премиерот Абдала Хамдок, група министри, како и лидерите на неколку сојузни држави и политички партии, јави утринава телевизијата „Ал Хадат“, повикувајќи се на неименувани извори. Вооружените сили го уапсиле и советникот за медиуми на премиерот, изјавија за британските медиуми  извори од неговото семејство. Војската сè уште не ги коментираше овие информации. Суданската телевизија се емитува нормално, а извори за британските медиуми изјавиле дека се чини оти интернетот не е достапен во главниот град. Ситуацијата во Судан е напната по неуспешниот обид за државен удар во септември и жестоките обвинувања меѓу војската и политичките тела кои…

Read More

Основачот на американскиот технолошки гигант „Мајкрософт“, Бил Гејтс го посети Бодрум, еден од бисерите на турскиот туризам. Тој се вкотви во пристаништето со јахтата „Лана“, долга 107 метри и широка 16 метри, со која плови под знамето на Кајманските Острови. Огромното пловило се вкотви кај замокот Бодрум. Гејтс и неговата придружба, меѓу другото, ги посетија замокот „Бодрум“ и Подводниот археолошки музеј.

Read More

Германската полиција соопшти дека пресретнала над 50 десничарски екстремисти со солзавец, бајонети, мачети и палки кои сакале да патролираат долж полската граница за да спречат влез на мигранти во земјата. Екстремистите го следеле повикот на „Третиот пат“, екстремно десничарска партија за која постои сомневање дека е поврзана со неонацистички групи, за запирање на илегалните преминувања кај градот Губен во близина на германско-полската граница. Полицијата им го заплени оружјето и ги принуди да ја напуштат областа Губен, изјави портпаролот на локалната полиција.  Некои од лицата се одзваа на повикот и од други делови на Германија. Десетици луѓе, пак, се собраа во…

Read More

Обврската за носење маски во јавниот превоз во Финска од денеска престанува да важи. Патниците во возовите во земјата и во јавниот превоз во Хелсинки отсега можат да патуваат без маски, соопштија од железничкиот оператор ВР и компанијата ХСЛ, која управува со јавниот превоз во главниот град. Условот за носење маски беше на сила од март оваа година. Со отворање на јавноста и отстранување на ограничувањата, ВР одлучи од 25 октомври да се префрли од барањето за носење на маски на препораката за носење маски во сите возови на долги релации и за градските возови, се наведува во соопштението од ВР.…

Read More

Армин Лашет, лидерот на германска демохристијанска партија (ЦДУ), денеска и официјално ќе поднесе оставка од функцијата премиер на покраината Северна Рајна Вестфалија, јавува агенцијата ДПА. Лашет, кој во еден момент беше фаворит за наследник на партиската колешка Ангела Меркел за функцијата канцелар, но на парламентарните избори на 26 септември го постигна најлошиот резултат на ЦДУ досега. Лашет (60), пренесе ДПА, најави дека ќе се повлече од функцијата премиер пред изборите во Бундестагот, дури и ако не стане нов германски канцелар. Лашет треба да остане вршител на должноста премиер се додека утре, на инагуративна седница на новиот состав на Бундестагот, не…

Read More

Продолжуваат партиските активности од кампањата за вториот круг на локалните избори што ќе се одржи в недела на 31 октомври. Денеска истекува рокот за пријавување за гласање во вториот круг на изборите на лицата со ковид-19 и во изолација. Болните и немоќните, лицата со ковид-19 и во изолација, како и затворениците, лицата во притвор и во старските домови гласаат еден ден пред изборите, односно на 30 октомври. Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, вчера од Кочани ги повика граѓаните да се обединат околу политиките што гарантираат напредок, економски раст и подобар животен стандард, најавувајќи дека од први јануари минималната…

Read More