Според последните официјални податоци од српското Министерство за здравство, во изминатите 24 часа во земјата се регистрирани нови 5,908 случаи на коронавирус од 19,718 направени тестови, а починале 62 пациенти.

На респиратори во српските болници се наоѓаат вкупно 274 лица додека вкупниот број на хоспитализации во моментот е 6,721.

Во Србија, од почетокот на пандемијата, се забележани 1.104.117 милиони случаи на ковид-19. Процентот на смртност во земјата е 0,87.