Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полскиот премиер Моравjецки: Европската Унија нѝ впери пиштол в глава

0
By Sashko on October 25, 2021 СВЕТ
Фото: bankier.pl
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 25, 2021 11:59

Полскиот премиер Матеуш Моравиецки ја обвини Европската Унија (ЕУ) дека им вперила пиштол во главата, барајќи од неговата земја да ги повлече судските реформи по закана за санкции.

Полска е во жестока конфронтација со ЕУ поради низата контроверзни судски реформи. Брисел смета дека реформите ги попречуваат демократските слободи, додека Полска вели дека тие се потребни за да се искорени корупцијата меѓу судиите.

Во интервју за „Фајненшл тајмс“, Матеуш Моравиецки ја повика ЕУ да ја поништи одлуката да бара од Европскиот суд на правдата да ѝ изрече парична казна на Полска за реформите.

Тоа би било најпаметното нешто што можат да го направат. Затоа што тогаш нема да зборуваме едни со други со пиштол во главите, рече тој.

Запрашан дали Полска може да стави вето на одлуките на ЕУ како свој противодговор, Моравиецки кажа: „Што ќе се случи доколку  Европската комисија ја почне Третата светска војна? – Доколку тие ја почнат Третата светска војна, ние ќе ги браниме нашите права со сето оружје што го имаме“.

На почетокот на овој месец, Уставниот суд на Полска пресуди дека делови од законодавството на ЕУ се некомпатибилни со полскиот Устав. Одлуката ги зголеми стравувањата дека Полска може да го напушти блокот.

Спорот беше пренесен на самитот на лидерите на Европската унија во Брисел минатата недела, на кој Моравиецки кажа дека Полска е „подготвена за дијалог“, но дека нема да „дејствува под притисок на изнудата“.

ЕУ Полска реформи Санкции. Судство. Матеуш Моравјецки Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

ВЕСТИ August 15, 2026

Франција, Германија и Велика Британија работат на сопствен формат за преговори во врска со украинската…

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.