Основачот на американскиот технолошки гигант „Мајкрософт“, Бил Гејтс го посети Бодрум, еден од бисерите на турскиот туризам.

Тој се вкотви во пристаништето со јахтата „Лана“, долга 107 метри и широка 16 метри, со која плови под знамето на Кајманските Острови. Огромното пловило се вкотви кај замокот Бодрум.

Гејтс и неговата придружба, меѓу другото, ги посетија замокот „Бодрум“ и Подводниот археолошки музеј.