Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Американската авиокомпанија „Јунајтед Ерлајнс“ вчера соопшти дека ги откажува договорите со 232 вработени кои одлучиле да не се вакцинираат против kовид-19. „Јунајтед Ерлајнс“ е првата авиокомпанија што воведе обврска за вакцинација за вработените. Првиот човек на компанијата, Стив Кирби рече дека 232 од 67.000 вработени одбиле да се вакцинираат. „Јунајтед Ерлајнс“ во моментот е единствениот голем американски авиопревозник што прибегна кон процесот на отпуштање на вработените кои одбиле да ја примат вакцината против ковид-19. „Делта Ерлајнс“ воведе месечна обврска од 200 американски долари за невакцинираните вработени, додека „Американ Ерлајнс“ и „Саутвест Ерлајнс“ преземаат различни мерки за мотивирање на вработените да…
Советот за партнерство, трговија и соработка меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, денеска во Скопје ќе го одржи првиот инаугуративен состанок со кој од македонска страна ќе ко-претседава министерот за надворешни работи, Бујар Османи, додека од име на Обединетото Кралство ќе ко-претседава министерката, Венди Мортон која од вчера е во посета на земјава. Како што соопшти МНР, Советот се смета за највисоко работно тело надлежно за имплементација на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу двете земји, кој ќе ја има улогата на координатор на имплементацијата на одредбите од Спогодбата и развојот на нивните севкупни односи. Исто така, во рамк…
Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања, Милтиадис Варвициотис, денеска и утре ќе престојува во работна посета на земјава на покана на заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров. Во рамки на посетата, како што соопшти владината прес-служба, Варвициотис ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев, како и со министерот за надворешни работи Бујар Османи. „Посетата се остварува во светло на засилената билатерална соработка меѓу Северна Македонија и Грција, како и изразената грчка поддршка за европските интеграции на земјава. Во тој контекст, ќе се разговара за можностите за продлабочување на соработката и техничката…
Не се очекува нов силен бран на ковид-19 и оптоварување на болниците, но не се исклучува ниту можноста за задолжителна вакцина за некои сектори, иако засега не се размислува за тоа. Состојбата со вирусот се следи во континуитет и од тоа како ќе се развива ќе се преземаат и мерките. Се воведува услов посетителите на културни настани во затворени објекти да бидат вакцинирани со две дози, а исполнетоста на салите да биде 50 отсто, наместо досегашните 30 отсто од капацитетот. Опфатот со вакцинација е во пораст во целата држава. Сметам дека силен бран не би требало да има, но тоа…
Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазиции на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје денеска, со свечен час – средба на генерации, ќе одбележи 75 години од основањето. По повод годишнината ќе се обрати ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, а поздравни обраќања ќе имаат и проф. д-р Искра Пановска-Димковa, раководител на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици, проф. д-р Анета Дучевска, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. На настанот ќе биде претставена и брошурата „Катедра за македонски јазик и јужнословенски јазици:…
Техничкиот факултет во Битола денеска одбележува јубилеј – 60 години од постоењето. По овој повод, на Факултетот ќе се одржи свечена академија. На свечената академија ќе се обрати и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
Здружението на Полјаци во Република Северна Македонија – Клуб „Полоња“ вечерва од 19 часот, со пригодна културно-уметничка програма во Музејот на македонската борба, ќе го одбележи дведеценискиот јубилеј од формирањето. На програмата ќе бидат дела од Шопен во изведба на пијанистот Глигор Гелебешев и Јасна Аврамовска-Костенарова. Ќе бидат доделени благодарници на повеќе истакнати личности од нашата втора татковина – Македонија кои подигнаа многу мостови на соработка меѓу нашите две пријателски земји и направија да се чувствуваме пријатно во текот на нашите животи, отворајќи го богатството на разноликоста и подавајќи раце за прифаќање на помалку познатото кое го донесовме со нас,…
Шест полицајци се повредени, а три лица се уапсени во денешната акција против шверц во северно Косово, соопшти косовската полиција. Косовскиот премиер Албин Курти нагласи дека денешната акција на косовската полиција била насочена против шверц во Приштина, во Пеќ, како и во северните и во јужните делови на Косовска Митровица. Курти, изјави дека на денешната акција на косовската полиција и претходела интензивна истрага и дека била спроведена по наредба и во координација со надлежното обвинителство и суд. Курти објави дека „се запленети стоки и докази, што претставуваат материјални докази“. Криминалот и криминалните групи нема да бидат толерирани и ќе бидат…
Европската Комисија (ЕК) формира експертска група што ќе направи заеднички насоки за просветните работници, со цел да се борат против дезинформациите и да ја подобрат дигиталната писменост на граѓаните. Групата се состои од компании, организации и поединци од неколку сектори, а ќе биде управувана од Генералниот директорат за образование и култура (ГД ЕАЦ) и Генералниот директорат за комуникациски мрежи, содржини и технологија (ГД ЦНЕКТ). Иницијативата е дел од Акцискиот план на ЕК за дигитално образование, што почна да се имплементира оваа година во обид да одговори на двојните предизвици од транзицијата кон дигиталната ера и постпандемискиот свет. Слична експертска група…
Вкупно 27 проценти од членовите на Европскиот парламент пријавиле дополнителен приход со вкупна вредност од 3,9 до 11,5 милиони евра, се наведува во извештајот на организацијата „Транспаренси Интернешнл“. На европратениците им е дозволено да имаат дополнителен приход, покрај пратеничките плати, но тие мора да дадат детали за нив и да бидат објавени во јавни извештаи за финансии, пренесува бриселски „Политико“. Мониторинг групите изразија загриженост дека овие информации честопати се нејасни и дека дополнителната работа може да создаде судир на интереси. Идентификувавме значителни дополнителни приходи и загрижувачки нејасни финансиски извештаи, рече Витор Тешеира од „Транспаренси Интернешнл“. Во извештајот се наведува дека…
Европската Комисија (ЕК) денеска презентираше неколку алатки со кои земјите-членки можат да го ублажат ценовниот шок на енергенсите за најранливите категории на граѓани. Предлозите во форма на комуникација не претставуваат структурен одговор, но ЕК ветува дека ќе ги преземе сите мерки што ги има на располагање за да се осигури дека енергетскиот пазар не се манипулира од економските чинители. Што се однесува до конкретните мерки што земјите-членки можат да ги преземат за да го ублажат ценовниот шок без да ги нарушат ЕУ правилата на краток рок, е можноста да обезбедат ваучери за најсиромашните домаќинства, да дозволат доцнење во исплата на фактурите,…
Косовскиот премиер Албин Курти нагласи дека денешната акција на косовската полиција била насочена против шверц во Приштина, во Пеќ, како и во северниот и во јужниот дел на Косовска Митровица. Курти на својот Фејсбук профил напиша дека косовската полиција претпладнево пребарала неколку локации во Пеќ и во Приштина и дека е запленета голема количина стока. Криминалот и криминалните групи нема да бидат толерирани и ќе бидат сузбиени. Ќе се бориме против шверцот и ќе го спречиме тоа, напиша Курти. Тој потврди дека полициската акција е завршена и ги повика граѓаните во северниот дел од Косовска Митровица „да не потпаѓаат под…