Косовскиот премиер Албин Курти нагласи дека денешната акција на косовската полиција била насочена против шверц во Приштина, во Пеќ, како и во северниот и во јужниот дел на Косовска Митровица.
Курти на својот Фејсбук профил напиша дека косовската полиција претпладнево пребарала неколку локации во Пеќ и во Приштина и дека е запленета голема количина стока.
Криминалот и криминалните групи нема да бидат толерирани и ќе бидат сузбиени. Ќе се бориме против шверцот и ќе го спречиме тоа, напиша Курти.
Тој потврди дека полициската акција е завршена и ги повика граѓаните во северниот дел од Косовска Митровица „да не потпаѓаат под влијание на медиумите во Србија“.