Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид-19 протоколи: На настани во затворен простор со две дози на вакцина, скрининг на учениците од идната недела

0
By Sashko on October 14, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 14, 2021 08:12

Не се очекува нов силен бран на ковид-19 и оптоварување на болниците, но не се исклучува ниту можноста за задолжителна вакцина за некои сектори, иако засега не се размислува за тоа. Состојбата со вирусот се следи во континуитет и од тоа како ќе се развива ќе се преземаат и мерките. Се воведува услов посетителите на културни настани во затворени објекти да бидат вакцинирани со две дози, а исполнетоста на салите да биде 50 отсто, наместо досегашните 30 отсто од капацитетот.

Опфатот со вакцинација е во пораст во целата држава. Сметам дека силен бран не би требало да има, но тоа не значи дека не треба да сме внимателни. Тешко е да се предвиди како ќе се движи состојбата со вирусот. Има различни студии и предвидувања. Во овој момент освен кампањите и рестриктивните мерки, некои земји имаат препораки во некои сектори вакцинацијата да биде задолжителна. Ние засега не размислуваме за тоа, но ништо не е исклучено. Ќе видиме каква ќе биде епидемиолошката состојба во следниот период, ќе видиме дали овој опфат со вакцина и натаму ќе ги намалува бројките и врз основа на тоа би носеле нови одлуки, рече вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Скринингот за присуство на ковид-19 кај учениците што беше најавен за оваа недела е одложен за наредната, поради подолгото траење на анализата за опфатот на основците и средношколците.

Подготвена е методологијата и од денеска ќе почне да се бараат согласности од родителите за тестирање на нивните деца со земање брис. Случајно ќе бидат избрани 8.200 ученици преку Е-дневник. Целта на скринингот е да се добијат податоци дали има асимптоматски случаи и ширење на вирусот во училиштата. Филипче вчера соопшти дека епидемиолошката состојба кај најмладите е мирна и нема заболени и хоспитализирани деца.

Десетина до 15 деца се сместени во болницата во Козле и во ниту една друга институција. Нема податоци за ниту една друга трансмисија во училиштата, но битно е да знаеме дали евентуално би откриле асимптоматски носители на вирусот кај децата, рече Филипче.

На предлог на Комисијата за заразни болести, Владата на вчерашната седница донесе заклучок за измена на Протоколот за организирање настани во затворен простор во театри, во кина, во филхармонија и други објекти, со што се зголемува на 50 проценти дозволената исполнетост од капацитетот на салата со публика наместо досегашните 30 отсто.

Во врска со овој протокол, како што информираше владината прес-служба, се воведува и условот посетителите да бидат вакцинирани со две дози со вакцина против ковид-19, a останува обврската на организаторот да ги спроведува и контролира сите останати препорачани превентивни мерки за спречување ширење на вирусот и да организира редарска служба за контрола на мерките.

На  седницата е прифатено барањето на Агенцијата за млади и спорт (АМС) да се дозволи организирање и учество на натпревари во сите спортови во категориите пионери, младинци и кадети без приложен сертификат за вакцинација, со заклучок дека останува препораката да се вакцинираат сите за кои е одобрена вакцинацијата, вклучувајќи ги и децата и младинците од 12 години и над таа возраст.

Владата донесе и заклучок децата со посебни потреби или со пречки во развојот да бидат ослободени од обврската за задолжително носење заштитна маска во училиштата доколку приложат лекарска потврда за нивната состојба.

Вакцина Венко Филипче Ковид-19 Македонија Протокол скрининг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.