Author: Sashko

Најмалку три лица загинаа, а неколкумина се повредени откако бомбаш-самоубица го активирал експлозив што го имал на себе пред ресторан во главниот град на Сомалија, Могадишу. Сè уште ниту една група не презеде одговорност за нападот. Сомалиската група Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда, презеде одговорност за неодамнешните напади на тоа подрачје.

Read More

Министерката за Европа и Америка на Обединетото Кралство, Венди Мортон, од денеска е во дводневна посета на Република Северна Македонија и ќе присуствува на првиот состанок на Советот во рамки на Договорот за партнерство, трговија и соработка (ДПТС) во Министерството за надворешни работи за зајакнување на трговските врски меѓу двете земји. Како што соопштија од Британската амбасада, Обединетото Кралство и Северна Македонија го потпишаа Договорот за партнерство, трговија и соработка во декември во 2020 година со цел да ја зајакнат можноста за трговска соработка откако Обединетото Кралство ја напушти ЕУ. Задоволство ми е што сум тука во Северна Македонија на…

Read More

Пациентка предизвика пожар во Одделот за ковид во болницата во Русе, јавија бугарските електронски медиуми. Како што јави дописникот на МИА од Софија, пациентката била приклучена на двоен извор на кислород, но ја симнала маската од лицето и со запалка почнала да бара предмет што ѝ паднал вечерта под нејзиниот кревет. Близината на огнот до кислородот ја запалил маската и предизвикал пожар. Само поради брзата и соодветна реакција на дежурниот тим, пожарот бил брзо локализиран. Навремената реакција ја помогнала и самата пациентка, која веднаш дала сигнал преку алармниот систем во болницата. Опожарени се неколку кревети, sидовите и апаратите со кислород…

Read More

Договорот меѓу руската компанија „Гаспром“ и Унгарија за снабдување со гас преку цевки околу Украина, не го прекршува европското законодавство, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел за време на самитот Украина-ЕУ во Киев. „Гаспром“ и унгарската „МВМ ЦЕЕнерџи“ претходно потпишаа два долгорочни договора за снабдување со гас преку „Турски поток“ преку Србија и Австрија, при што и двете рути ја заобиколуваат Украина. Киев изрази разочарување од одлуката на Будимпешта, бидејќи тоа им штети на билатералните украинско-унгарски односи и ја објави својата намера да се обрати до Европската комисија. Борел истакна дека земјите-членки на ЕУ…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски од денеска ќе престојува во работна посета на Кралството Шведска, каде ќе учествува на Меѓународниот форум за сеќавање на Холокаустот и борба против антисемитизмот „REMEMBER-REACT” („Запомни-Реагирај“). На маргините на форумот, претседателот Пендаровски ќе оствари средби со претседателот на Светскиот Еврејски конгрес, Роналд Лаудер, со министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва и со државниот министер за Европа во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Михаел Рот. Во Малме, претседателот Пендаровски ќе ја посети Македонската православна црква „Св. Наум Охридски“, каде ќе оствари средба со претставници на македонски друштва од градот. Утре во Малме, претседателот…

Read More

Рекордни 24 кандидати од партии, од коалиции и од иницијативни комисии се регистрирани во бугарската Централна изборна комисија (ЦИК) во пресрет на изборите за претседател и потпретседател на земјата. Како што јави дописникот на МИА од Софија, ЦИК ги одби Венцислав Ангелов и Дарина Тодорова, предложени од иницијативниот комитет, бидејќи немало доволно валидни потписи за поддршка на кандидатурите. По дополнителен преглед, Комисијата ќе донесе одлука за кандидатурата на Јоло Денев. Лозан Панов и Марија Касимова-Моасе, предложени од иницијативниот комитет за претседател и потпретседател и поддржани од Демократска Бугарија, исто така, добија регистрација од ЦИК во постапка на недовршена верификација на…

Read More

Република Бугарија и Република Северна Македонија до крајот на октомври ќе одржат нов круг на консултации во обид за надминување на спорот и деблокада на евроинтеграцијата на земјава. Скопје се надева на решение по изборите во Бугарија, за што треба да помогне билатералниот протокол од шест точки кој треба да биде готов до почетокот на ноември. Прв таргет датум е 14 декември кога се одржува состанок на Општиот совет на ЕУ, на кој се очекува да се донесе одлуката за усвојување на преговарачката рамка и закажување на првата меѓувладина конференција до крајот на годината. Шефот на бугарската дипломатија Светлан Стоев,…

Read More

Повеќе девојки се огласија преку социјалната мрежа Инстаграм во последните неколку денови за да обелоденат дека келнер вработен во едно од најпосетуваните студентски кафулиња во градот ги силувал, а газдата не го санкционирал. Сведоштвата се множат секојдневно на социјалните мрежи, повеќе девојки пишуваат дека биле дрогирани и потоа брутално силувани од келнер во кафулето “Ле Ваф“ во студентскиот дел на градот. Девојки и анонимни вработени во кафулето предупредуваат дека газдата не само што не го санкционирал осомничениот силувач, туку го преместил да работи во друго кафуле. Дури по бројните сведочења бриселската полиција отвори истрага, но повеќе жртви во меѓувреме се…

Read More

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомото Сојузот на Македонија (АМСМ). Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Read More

Бројот на активни ковид случаи во државава во моментот изнесува 6.658 и бележи пад за околу 4.000 во споредба со претходната недела. Повеќе од пола од вкупниот број се евидентирани во главниот град – 3.391, по што следи Куманово со над 500. За поефикасно справување со пандемијата и во текот на вчерашниот ден беа упатени повици за забрзување на темпото за имунизација со стимулативни мерки, граѓаните навреме да одат на лекар и да не се лекуваат на своја рака. Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) апелира до граѓаните кои се позитивни на ковид-19, да не прифаќаат лекување во домашни услови,…

Read More

Индустрискиот сектор во Европа започна да ја намалува побарувачката за природен гас, бидејќи рекордните цени го направија тој енергенс недостапен за многу корисници. Просечната потрошувачка во октомври беше 12 проценти помала отколку пред пандемијата, според податоците собрани од консултантската агенција Engie EnergyScan со седиште во Париз. Потрошувачката на гас почна да опаѓа во септември и беше за пет проценти помала отколку во истиот месец во 2019 година, јави „Блумберг“. Во индустрискиот сектор во Европа, постои тренд на намалена потрошувачка и побарувачка за гас, вели директорот на Engie EnergyScan, Жулиен Аро. Според него, намалувањето на потрошувачката досега е најочигледно во Германија,…

Read More

Хрватското државно обвинителство нареди истрага против полицајци поради сомневање за сторено кривично дело „нечовечко и сурово постапување“ за кое се под закана за казна затвор и до 10 години, објави денеска загрепски „Јутарњи лист“. Окружното државно обвинителство во Карловац побара истрага, откако снимките беа објавени во емисијата „Потрага“ на хрватската РТЛ, рече окружниот државен обвинител Вера Магдиќ-Бижановиќ. Се наведува дека станува збор за кривично дело „малтретирање и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување“ за што е предвидена затворска казна до 10 години. Властите соопштија дека тројца припадници на специјалната полициска единица тепаат мигранти, поради што тие се суспендирани…

Read More