Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов круг консултации со Софија до крајот на октомври: Македонија се надева на решение на спорот по изборите во Бугарија

0
By Sashko on October 13, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 13, 2021 08:19

Република Бугарија и Република Северна Македонија до крајот на октомври ќе одржат нов круг на консултации во обид за надминување на спорот и деблокада на евроинтеграцијата на земјава. Скопје се надева на решение по изборите во Бугарија, за што треба да помогне билатералниот протокол од шест точки кој треба да биде готов до почетокот на ноември. Прв таргет датум е 14 декември кога се одржува состанок на Општиот совет на ЕУ, на кој се очекува да се донесе одлуката за усвојување на преговарачката рамка и закажување на првата меѓувладина конференција до крајот на годината.

Шефот на бугарската дипломатија Светлан Стоев, кој вчера во Софија беше домаќин на хрватскиот колега Гордан Грлиќ Радман, изјави дека Бугарија инвестирала многу во дијалогот со Република Северна Македонија и очекува конкретни дејствија од Скопје за трајно спроведување на Договорот за добрососедство од 2017 година, како и почитување на правата на граѓаните со бугарска самосвест.

Стоев информира дека се одвиваат преговорите на експертско ниво меѓу Скопје и Софија и оти се предадени бугарските предлози и текстови. Тој истакна дека до крајот на октомври ќе има нов круг консултации меѓу Бугарија и Северна Македонија и доколку се постигне согласност, она што ќе биде договорено, може да биде потпишано од двајцата министри за надворешни работи. Стоев рече и дека продолжува дијалогот за ова прашање и со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, пак, за време на состанокот со шефот на хрвтаската дипломатија Грлиќ-Радман, ги оцени како алармантни случаите на дискриминација и систематско кршење на човековите права на граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест. Тој изразил поддршка за нивната желба да бидат вклучени во преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија, како и на нивните очекувања за објективно одразување во резултатите од пописот.

За нас е важно меѓу младите од Република Северна Македонија да не се влева омраза кон Бугарите, рече Радев и даде пример со учебниците во земјата, каде што, според него, сè уште има искривени толкувања на Бугарија и Бугарите.

Премиерот Зоран Заев вчера повтори дека од самитот ЕУ-Западен Балкан кај Брдо, Словенија, ниту тој, ниту ЕУ добила гаранции од Бугарија за деблокирање на процесот за членство на земјава во Унијата, но дека работните групи продолжуваат да работат и оти е можно да се најде решение доколку двете страни тоа го сакаат.

Верувам дека би дошле до усогласени текстови, би се решило тоа прашање, затоа што тоа се решливи прашања односно ќе кажам едноставно е, дека краткото име е исто со долгото име, Северна Македонија е исто со Република Северна Македонија, дека немаме територијални претензии спрема ниту еден од соседите, ни спрема Република Бугарија, рече Заев во одговор на новинарско прашање на прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека Бугарија е членка на ЕУ и ЕУ без една земја не може да донесе одлука.

Убеден сум дека разумноста на политичарите надвор од изборни процеси, во мирни води, во постабилно време ќе преовлада и ќе надвладее за да можеме да испишеме убава историја, која што ќе им ја оставиме на младите, и на децата, и на идните генерации, истакна Заев.

На прашање за декларацијата од Македонци во Бугарија во која бараат да се запре со непринципиелните компромиси со оваа земја, премиерот Заев истакна дека ниту е европски, ниту е исправно да се мешате во внатрешните работи на другите земји.

Не е европски, ниту е добрососедски, ниту е пријателски, ние да се инволвираме во тоа што се случува во Бугарија, ниту пак сакаме некој да се инволвира кај нас, рече Заев.

Тој додаде дека и нашиот Устав вели дека земјава не треба да се меша во внатрешните работи на другите земји, а, тоа, нагласи, го кажува и Договорот за добрососедство каде, исто така, е преземена обврска за немешање во внатрешните работи на Бугарија. Барањето од Бугарија за вметнување на бугарската етничка група во нашиот Устав не го доживува како мешање во нашите внатрешни работи. Тоа, рече, е право на секоја земја да побара, како што е наше право да одлучиме дали ќе го направиме тоа.

„Исто така, право на Бугарија е, како што е наше право овде, дали ќе излезе во пресрет на Декларацијата која што ја објавуваат тамошни граѓани, граѓани на Република Бугарија за одредени свои ставови или сугестии. Ако навистина сакаме да бидеме европејци, треба на европски начин да ги разгледуваме работите“, Заев.

Бугарија Договор Македонија решение спор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 18, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

ВЕСТИ June 18, 2026

Доналд Трамп потпиша договор од 14 точки со Иран, тврдејќи дека тоа донело „голема победа“…

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.