Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Фајнанс Тинк“ со стимулативни мерки за имунизација: Користете вредносни ваучери и забрзајте го темпото на вакцинација

0
By Sashko on October 13, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 13, 2021 07:47

Бројот на активни ковид случаи во државава во моментот изнесува 6.658 и бележи пад за околу 4.000 во споредба со претходната недела. Повеќе од пола од вкупниот број се евидентирани во главниот град – 3.391, по што следи Куманово со над 500. За поефикасно справување со пандемијата и во текот на вчерашниот ден беа упатени повици за забрзување на темпото за имунизација со стимулативни мерки, граѓаните навреме да одат на лекар и да не се лекуваат на своја рака.

Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) апелира до граѓаните кои се позитивни на ковид-19, да не прифаќаат лекување во домашни услови, ако за тоа не се изјасни матичниот лекар и задолжително да побараат пишан документ за терапијата и начинот на лекување.

Апелот уследи откако, како што информираа, до ДЗСИ добиле претставка од здравствен работник за починато лице инфицирано со ковид-19, кое по утврдената дијагноза од матичен лекар, по 14 дена од инфекцијата, дошло во ковид-центар, во многу лоша здравствена состојба и починало на само неколку часа по приемот. Блиски родини дале податок дека сега веќе починатото лице било лекувано седум дена во домашни услови со инфузиона терапија и ги навеле точните називи на лековите кои биле давани, а истите ги посочил во писмен допис и здравствениот работник кој извршил прием на пациентката каде починала.

Анализите на Институтот за економски истражувања и политики „Фајнанс тинк“, пак, покажале дека вакцинацијата ги намалила трошоците за хоспитализација за 170,8 милиони денари или 2,8 милиони евра во текот на последните пет недели од делта бранот. Вакцинацијата, според проценките, ја намалила хоспитализацијата помеѓу 37,9 и 46,5 проценти и спречила да се заразат околу 14.500 луѓе или 148 повеќе новозаразени на ден во текот на последните три ипол месеци.

Отсуството на вакцинација би придонело, кумулативно, до дополнителни 4.595 неделни хоспитализации (околу 328 хоспитализации повеќе, неделно), се вели во извештајот што вчера го објави „Фајнанс тинк“.

На носителите на политики им препорачаа да го забрзаат темпото на вакцинација со воведување стимулативни мерки како на пример вредносни ваучери особено во градовите каде има пониско ниво на вакцинирано население. И на приватниот сектор му се препорачува преку стимулативни мерки да ги мотивира вработените да се вакцинираат, а новинарите и истражувачите да го зголемат нивото на информираност на популацијата за ефектите од вакцинација преку издржани и детални анализи.

Податоците од Министерство за здравство (МЗ) покажуваат дека 35 проценти од популацијата во државава примила две дози на вакцина, додека според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана барем со една доза.

Според податоци од МЗ, по новите 130 заболени од коронавирусот регистрирани во вчерашната статистика на Министерството за претходното деноноќие вкупната бројка на ковид случаи во државава достигна 195.132. Во вчерашната ковид статистика беа регистрирани и 432 оздравени пациенти, како и шест починати, а досега како последица на ковид-19 вкупно починаа 6.855 лица.

вакцинација Ковид-19 Македонија мерки Стимулација Фајнанс тинк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.