Рекордни 24 кандидати од партии, од коалиции и од иницијативни комисии се регистрирани во бугарската Централна изборна комисија (ЦИК) во пресрет на изборите за претседател и потпретседател на земјата.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, ЦИК ги одби Венцислав Ангелов и Дарина Тодорова, предложени од иницијативниот комитет, бидејќи немало доволно валидни потписи за поддршка на кандидатурите. По дополнителен преглед, Комисијата ќе донесе одлука за кандидатурата на Јоло Денев.

Лозан Панов и Марија Касимова-Моасе, предложени од иницијативниот комитет за претседател и потпретседател и поддржани од Демократска Бугарија, исто така, добија регистрација од ЦИК во постапка на недовршена верификација на потписите на кандидатската листа.

По барањето поднесено од Бугарскиот земјоделски народен сојуз, партијата нема да учествува во гласањето за пратеници. Денеска треба со ждрепката да се одреди редоследот на кандидатите на двете гласачки ливчиња.