Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Над една третина од вкупната популација во Македонија или 35 проценти се целосно вакцинирани против ковид-19, а барем една доза на вакцина примиле 38 отсто од граѓани, покажуваат податоците на Министерство за здравство (МЗ). Нова француска студија покажува дека вакцинацијата против ковид-19 го намалува ризикот од хоспитализација и смрт за 90 проценти кај луѓето постари од 50 години и се чини дека е ефикасна против Делта варијантата на вирусот. Ова значи дека вакцинираните луѓе имаат девет пати помал ризик за хоспитализација или смрт од ковид-19 отколку невакцинираните луѓе, изјави епидемиологот Махмуд Зуреик, кој ја предводи научната група Епи-Фаре, за АФП.…
Терористичката организација Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад врз џамија во североисточната авганистанска провинција Кундуз, соопшти групата на своите канали на „Телеграм“. Во нападот на џамијата загинаа 46 лица, а повеќе од 140 се повредени, јави авганистанската државна агенција „Бахтар“. Џамијата ја користеле луѓе од малцинската шиитска муслиманска заедница, јави „Бахтар“. На лице место се испратени специјални единици, а очевидци велат дека експлозијата се случила за време на традиционалната петочна молитва. Во Авганистан во последните недели беа пријавени неколку напади, вклучително и еден врз џамија во Кабул, за кој одговорност исто така презеде Исламска држава.
Во Русија во изминатите 24 часа починале 936 луѓе како последица на ковид-19, што е нов најголем број смртни случаи во еден ден од почетокот на епидемијата. Стапката на вакцинација во земјата е ниска, а Владата во Москва сè уште не ги заострува рестриктивните мерки. Трет ден по ред, бројот на починати во Русија надминува 900, соопшти Кризниот штаб. Бројот на лица заразени и починати од последици од коронавирусот драстично се зголеми кон крајот на септември, а властите, како причина, ја наведоа ниската стапка на вакцинација. Во текот на денешниот ден се регистрирани уште 27.246 новозаразени лица, што е помалку…
Времето до крајот на денот ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Времето утре ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11 степени, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб ветар од североисточен правец. Минималната…
На втората сесија од министерскиот состанок за животна средина на Централната Европска Иницијатива (ЦЕИ) во Трст, Италија, министерот Насер Нуредини се осврна на предизвиците во управување со трите речни сливови и трите природни езера кои Република Северна Македонија ги дели со своите соседи. Како што информира Министерството за животна средина и просторно планирање, Нуредини во своето обраќање говорел и за последниот развој во рамки на „Преспа парк“ договорот и ја истакнал потребата за интегриран пристап во менаџирањето со сите водни тела. Втората сесија од министерскиот состанок за животна средина на ЦЕИ беше посветена на управувањето и заштитата на водите, особено…
Во последните 24 часа, согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), се направени 3.791 тестови и притоа се регистрирани 386 нови случаи, починаа осум пациенти додека оздравеа 529. Најголем број од новите случаи се регистрирани во Скопје – 205, во Куманово – 25, во Битола – 18, во Велес и во Штип – по 16, во Крива Паланка – 15, во Струмица – 11, во Охрид – 10, во Тетово и во Прилеп – по 9, во Свети Николе – 8, во Кичево, во Кочани и во Гевгелија – по 6, во Валандово – 5, во Кавадраци и во…
Караванот на Државната изборна комисија (ДИК) оваа недела ги посети општините Тетово, Струга, Охрид, Битола и Прилеп, како дел од годинашната едукативна и информативна кампања, „Ти си на ред! Излези, гласај!“. Од ДИК информираат дека во општините кои ги посетиле, бил поделен едукативен материјал, за да ги претстави гласачките права на гласачите за претстојните Локални избори. Многумина од граѓаните заинтересирано ги прифаќаа едукативните и информативни материјали, кои ги делеа претставници на Државната изборна комисија. Караванот се реализира во согласност со протоколите за заштита од ковид-19, информираат од ДИК. Следната недела караванот на ДИК ќе ги посети останатите градови во државата,…
Мадрид ќе биде домаќин на наредниот НАТО самит на 29 и 30 јуни во 2022 година, соопшти шпанскиот претседател Педро Санчез на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на воената алијанса, Јенс Столтенберг. Шпанскиот премиер изрази надеж дека Самитот ќе „обезбеди единство и ќе ја зајакне сплотеноста во рамк на НАТО“ и ќе и помогне на Алијансата да формулира „ажурирана стратегија за безбедносните предизвици со кои се соочуваме“. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вчера соопшти дека лидерите на НАТО ќе одобрат нов стратешки концепт за Алијансата на Самитот во Мадрид во 2022 година. Разговаравме за нов стратешки концепт на НАТО,…
Најмалку 100 лица загинаа или се повредени во силната експлозија што одекна во џамија во северната авганистанска провинција Кундуз што ја предизвика бомбаш самоубиец. https://www.youtube.com/watch?v=N1Nd59SBt1k Експлозијата се случи за време на денешната молитва, кога припадници на шиитското верско малцинство се собираат во голем број на богослужба. Специјалните сили на талибанците стигнаа на местото на настанот во провинцијата Кундуз и веднаш започнаа истрага.
Група земји-членки на Европската Унија (ЕУ) побараа измени на прописите за Шенген-границата и да се овозможат „физички бариери“, како мерка за заштита, се наведува во писмото до Европската Комисија во кое „Еуроактив“ имаше увид. Текстот насловен „Прилагодување на правната рамка на ЕУ кон новата реалност“ е испратен до потпретседателот на Европската Комисија (ЕК), Маргаритис Схинас, еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон и словенечкото претседателство со ЕУ. Писмото е потпишано од Австрија, од Бугарија, од Кипар, од Чешка, од Данска, од Грција, од Унгарија, од Естонија, од Летонија, од Литванија, од Полска и од Словачка, а испратено е пред денешниот состанок…
Интервентното производство на електрична енергија најбрзо може да почне во текот на декември, а компаниите во текот на ноември ќе треба да го издржат ценовниот шок на електричната енергија. Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, по средбата во Стопанската комора на РСЕ, рече дека согласно планот за 2021-2022 година, количините на јаглен од сопствено производство стопроцентно ќе го задоволат производството на електрична енергија за универзалниот снабдувач ЕВН Хоум што ги покрива домаќинствата и дека објавиле меѓународен повик за набавка на јаглен за производство на дополнителни количини енергија, кои ќе бидат понудени до стопанските субјекти по берзански цени. Со ова…
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски сè уште се консултира со своите адвокати дали да поднесе приватна тужба против лицето кое физички го нападна во вторникот вечерта во угостителски објект во Скопје. Постапката е во тек. Ќе ги советувам моите адвокати и ќе видиме како ќе постапам и како ќе го решиме тој проблем. Напаѓачот не ми се извини мене и воопшто не е битно дали ќе ми се извини или не. Треба да се извини на институцијата, бидејќи јас ја претставувам институцијата. Марко е денес, утре ќе биде Петко, Станко. Сите треба да имаме однос кон институциите…