Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Група членки на ЕУ со барање до ЕК: Финансии за физички бариери на границите

0
By Sashko on October 8, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 8, 2021 17:00

Група земји-членки на Европската Унија (ЕУ) побараа измени на прописите за Шенген-границата и да се овозможат „физички бариери“, како мерка за заштита, се наведува во писмото до Европската Комисија во кое „Еуроактив“ имаше увид.

Текстот насловен „Прилагодување на правната рамка на ЕУ кон новата реалност“ е испратен до потпретседателот на Европската Комисија (ЕК), Маргаритис Схинас, еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон и словенечкото претседателство со ЕУ.

Писмото е потпишано од Австрија, од Бугарија, од Кипар, од Чешка, од Данска, од Грција, од Унгарија, од Естонија, од Летонија, од Литванија, од Полска и од Словачка, а испратено е пред денешниот состанок на министрите за внатрешни работи на ЕУ во Луксембург.

Се очекува во Луксембург да се разговара за зајакнување на надворешните граници на ЕУ и пристигнување на мигранти.

Последните случувања на надворешните граници на ЕУ укажуваат дека Унијата мора да ја прилагоди сегашната правна рамка на новата реалност за да ни овозможи соодветно решавање на обидите за инструментализација на илегалната миграција за политички цели и други хибридни закани, пишува во заедничкото писмо на 12 министри за внатрешни работи на ЕУ.

Голем број на илегални мигранти почнаа да ја минуваат границата со Белорусија и да влегуваат во Литванија, во Летонија и во Полска, што се сметаше како еден вид хибридна војна на режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

За да се овозможи интегритет и нормално функционирање на Шенген зоната, нашите надворешни граници мора да бидат максимално безбедени, се вели во писмото.

Иако некои членки усвоија одлучни мерки на национално ниво, потписниците укажуваат дека е потребно заедничко решение на ниво на ЕУ за борба против инструментализацијата на илегалната миграција и другите хибридни закани.

Физичките бариери се чини дека се ефикасна мерка за заштита на границите, која е во интерес на ЕУ како целина, а не само за земјата членка каде прво се влегува, истакнаа министрите, додавајќи дека „оваа легитимна мерка треба да биде дополнително и соодветно финансирана од ЕУ буџет како приоритетно прашање.

Сегашните регулативи не предвидуваат физички бариери како мерка за заштита на надворешните граници на ЕУ, туку само поддршка на Унијата за системите за гранична контрола на земјите членки. Потписниците наведуваат дека, заедно со измените на прописите за Шенген зоната, и политиката на ЕУ за миграција и азил „мора да биде отпорна на злоупотреби“.

Министрите предупредија дека не постојат јасни правила што може да направат членките во случај на хибридни напади во вид на вештачки создаден голем прилив на илегални мигранти.

Ниту една трета земја не треба да може да го користи нашиот систем на азил како средство за политички притисок и уцени кон ЕУ и нејзините членки или да ја искористи моментната ситуација во Авганистан, велат министрите од 12 земји-членки.

Тие ја повикаа ЕК да претстави соодветни законски предлози до крајот на оваа година.

барање Бариери Граници ЕК ЕУ земји Мигранти Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.