Author: Sashko

Со 11 гласа „за“ и два „против“, градскиот совет на Лос Анџелес одлучи да се воведат најстрогите анти-епидемиски мерки во САД, јавија американските медиуми. Од 4 ноември, секој кој оди во ресторан, салон за маникир, на фитнес или на натпревар на кошаркарскиот тим Лос Анџелес Лејкерс ќе треба да приложи потврда за вакцинација. Вториот најнаселен град во САД бележи огромен пораст на инфекции и хоспитализации. Градоначалникот Ерик Гарсети се очекува да го потпише документот кој веднаш ќе стапи во сила. Околу 78 проценти од 10 милиони луѓе во округот примиле барем една доза на вакцина против ковид-19, а 69 проценти…

Read More

Лондонската фирма Henley&Partners, која обезбедува советување за државјанство и за престој, објави ревидирана листа на „најмоќните“ пасоши во светот на која врвот е за патните документи на Јапонија и на Сингапур со кои може да се патува во 192 земји без виза. Таканаречениот индекс Хенли се базира на податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (ИАТА), која од 2006 година редовно ги следи најдобрите пасоши во светот, јави „Си-Ен-Ен“. Рангирањето на јачината на пасошот се мери врз основа на тоа во колку земји во светот може да се патува без виза со одреден пасош. Бидејќи при креирањето на новата листа…

Read More

„Фајзер“ ќе проучува ефикасност на својата вакцина против ковид-19 со вакцинирање на целото население над 12 години во град во јужен Бразил, соопшти компанијата. Истражувањето ќе се спроведе во Толедо, кој има 143.000 жители, во западниот дел на државата Парана, во соработка со Бразилската национална програма за вакцинација, соопштија локалните здравствени власти, болницата и федералниот универзитет. „Фајзер“, кој ја разви вакцината со германскиот партнер „БајонТек“, соопшти дека целта е да се проучи преносувањето на коронавирусот во „реално сценарио“ откако ќе се вакцинира населението. Иницијативата е прва и единствена од ваков вид што се презема во соработка со фармацевтска компанија во…

Read More

Ковид-19 за девет месеци во оваа година во САД „однесе“ повеќе човечки животи одошто беше случај во цела 2020 година. Од 1 јануари се пријавени над 353.000 смртни случаи од ковид-19 или околу 1.000 повеќе од ланските 352.000 за првите 10 месеци од пандемијата, покажуваат податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“. Според медицински експерти, постојат клучни разлики меѓу двете години што би можеле да ја објаснат разликата. Професорката на Меѓународниот универзитет во Флорида и претседателка на Одделот за епидемиологија, докторка Мери Џо Трепка за „Њујорк Дејли Њуз“ изјави дека многу позаразната Делта варијанта го зголемила бројот на случаи, правејќи ги кумулативните…

Read More

Спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија, кој доведе до бугарско вето за почеток на преговорите на земјава со Европската Унија, беше една од водечките теми на Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој се одржа вчера во Брдо кај Крањ, под покровителство на словенечкото претседателство со Унијата. Силна поддршка за надминување на спорот со Бугарија дадоа вчера лидерите на Европската Унија, внесувајќи го ова прашање и во самата Декларација, која произлезе од Самитот и потенцирајќи дека неотворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија влијае и врз кредибилитетот и довербата во Унијата во регионот. Во Декларацијата, меѓу другото, се потенцира дека ЕУ целосно…

Read More

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска од денеска ќе престојува во дводневна работна посета на Албанија, во чии рамки ќе има билатерална средба со албанската министерка за здравство и социјални прашања, Огрета Манастирлиу. Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, Шахпаска за време на престојот во Тирана ќе учествува и на седмиот по ред Тирански форум за поврзување. Оваа година на Тиранскиот форум за поврзување, кој се одржува под мотото „Заедно градиме подобар Балкан“, ќе се дискутира за Економскиот и инвестициски план на Европската Унија за земјите од Западниот Балкан. Министерката Шахпаска ќе учествува на панел…

Read More

На политичките партии и на кандидатите за градоначалници и за советници им преостануваат уште девет дена за промоција на своите програми пред граѓаните. Кампањата за претстојните локални избори завршува на 15 октомври на полноќ. Европската унија (ЕУ), пожарот во модуларната болница во Тетово, како и нови инвестициски проекти, покачување на минималната и просечна плата, доминираа во вчерашните излагања на претставниците на политичките партии. Партиите со различни ставови и пораки околу прашањето поврзано со нашата евроинтеграција. За претседателот на СДСМ, Зоран Заев, изминатите четири години истовремено државата се развиваше дома и тргна по вистинскиот евроатлантски пат. Бев на самитот во Брдо…

Read More

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата достигна 193.458, од кои во моментот се активни 10.819, откако вчера беа регистирани 406 нови случаи од вкупно направени 3.149 тестирања. Од почетокот на епидемијата бројот на оздравени пациенти е 175.881, а на починати 6.758. Досега во земјата се направени вкупно 1.308.188 милиони тестирања на ковид-19. Надлежните аплираат до граѓаните да ја искористат можноста и да се вакцинираат. Околу 75 отсто наставници во училиштата се вакцинирани, а настава на далечина следат околу два процента од учениците, соопшти вчера Министерството за образование и наука (МОН). Со одлука на Владата, училиштата одржуваат…

Read More

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска ќе потпише Меморандум за соработка со Националната мрежа на жени претприемачи. Целта на Меморандумот за соработка, како што информираат од Министерството за економија, е активно вклучување на сите засегнати страни во спроведување на Стратегијата за развој на женското претприемништво во Република Северна Македонија. Потоа подигнување на степенот на соработка во иднина, што ќе придонесе за економско јакнење на жените преку создавање на поволна бизнис клима и обезбедување системска поддршка и инфраструктура за развој, поддршка и промоција на женското претприемништво со што ќе се придонесе кон развојот на постоечките и отворање на нови претпријатија, креирање…

Read More

Од денеска започнува испораката на топлинска енергија до потрошувачите кои се поврзани на системите за централно греење во Скопје, што се врши по строго утврдени правила во зависност од атмосферските услови и надворешните температури, информира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Според регулативата, доколку надворешните температури се пониски се испорачува поголемо количество на топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови, согласно стандардите, односно температури во домовите не пониски од 20+1 степен Целзиусов. Во исто време, со овие правила на испорака се обезбедува оптимална потрошувачка на топлинска енергија и минимални трошоци за греење…

Read More

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози и со умерен интензитетот на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Read More

Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, со пороен карактер и проследени со засилен југоисточен ветар, особено во западните делови на земјата каде на повеќе места ќе наврнат и над 30 литри дожд на квадратен метар. Максималните температури ќе бидат во интервал од 10 до 16 степени. Времето во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат поројни. Ќе дува умерен, повремено засилен ветар од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени. Во следните денови ќе се задржи облачно и студено време со врнежи од…

Read More