Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Силна ЕУ поддршка за решавање на спорот: Заев за преговори без задирање во идентитетски прашања, Радев за гаранции пред „кревање“ на ветото

0
By Sashko on October 7, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 7, 2021 08:52

Спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија, кој доведе до бугарско вето за почеток на преговорите на земјава со Европската Унија, беше една од водечките теми на Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој се одржа вчера во Брдо кај Крањ, под покровителство на словенечкото претседателство со Унијата.

Силна поддршка за надминување на спорот со Бугарија дадоа вчера лидерите на Европската Унија, внесувајќи го ова прашање и во самата Декларација, која произлезе од Самитот и потенцирајќи дека неотворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија влијае и врз кредибилитетот и довербата во Унијата во регионот.

Во Декларацијата, меѓу другото, се потенцира дека ЕУ целосно ја поддржува изразената обврска на партнерите од Западен Балкан за инклузивна регионална соработка и зајакнување на добрососедските односи, вклучително и со земјите-членки на ЕУ.

И натаму останува важно билатералните договори, меѓу кои Преспанскиот договор со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, да се спроведуваат со добра волја и видливи резултати. Неопходни се натамошни одлучни напори за поттикнување на помирувањето и регионалната стабилност, како и да се пронајдат и спроведат инклузивни и обврзувачки решенија за билатералните спорови и прашања меѓу партнерите кои се вкоренети во наследството од минатото, а исто така и за преостанатите случаи на исчезнати лица и за прашањата во однос на воени злосторства, се нагласува во документот.

За важноста на ова прашање говореа и двете посебни средби кои вчера на маргините на Самитот ги остварија премиерот Зоран Заев и бугарскиот претседател Румен Радев. Едната со челниците на ЕУ – претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и словенечкиот премиер Јанез Јанша и втората со лидерите на двете најмоќни земји во Унијата, германската канцеларка во заминување Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон.

Средбите се гледаат како обид за придвижување на преговорите меѓу двете земји, со цел да се најде решение и да се „крене“ бугарското вето, со можност за позитивен исход до Самитот на ЕУ во декември, но освен патоказот „5+1“, како можно решение, изјавите дадени по средбите не наговестуваа дека Скопје и Софија ги приближиле позициите.

Заев по завршувањето на Самитот во изјава за медиумите истакна дека чекорите и блокадите што ги презема бугарскиот преседател Румен Радев во името на Бугарија се навреда за македонските граѓани и додаде дека за нас е прифатливо во духот на европските добрососедски односи да ги интензивираме разговорите со Бугарија.

Ние велиме да, можеме и мораме. Двете страни, веднаш по изборите во Бугарија и во Северна Македонија, како што ни прилега, со искрена политичка волја да преземеме одлучни чекори за решавање на отворените прашања. Но, исто така не е нова вест дека нашиот гласен став за идентитетските прашања е дека македонскиот идентитет не може да биде тема за преговори, истакна Заев.

Тој нагласи оти на Самитот е добиена уште една силна потврда дека само една земја членка на ЕУ се противи на нашата интеграција и на почетокот на преговорите за членство во Унијата и потенцира дека граѓаните не му дале мандат да оправда политики од минатиот век.

До сега не постои земја членка на ЕУ која има каква било забелешка за нашите реформи. Нашиот напредок во интеграциите во ЕУ првенствено треба да зависи од домашните реформи поврзани со постигнувањето на европските стандарди, а не од билатералните прашања. Затоа сме посветени на решавање на билатералните спорови што се влечат од минатото, а доказ за тоа се и Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија од 2017 година, нагласи претседателот на Владата.

Тој наведе дека пораките од францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел на Самитот се јасни.

За решенијата треба поглед напред кон иднината, а не кон минатото. Но, за жал, не сум сигурен дека претседателот Радев ја разбра таа порака, заклучи Заев.

Радев во изјава за медиумите, пак, рече дека интегрирањето на Западен Балкан во ЕУ е континуиран приоритет на бугарската надворешна политика и поддршката на Софија за тоа е конзистентна, а се базира на клучните принципи на индивидуални достигнувања во исполнувањето на критериумите за реформи и важноста за одржување добрососедски односи.

Говорејќи за заедничките средби со Заев, истакна дека темата била изнаоѓање начин за надминување на препреките пред започнувањето на преговорите за членство на Република Северна Македонија, тема која, како што рече, „е од исклучителна важност за регионот, за македонските Бугари и за местото и улогата на Бугарија во ЕУ“.

Северна Македонија не може да мине катарза. Нашите позиции се јасни, се додека нашите сонародници подлежат на суптилна асимилација, со текот на годините се потиснувани и нивните основни права и не се интегрирани целосно во Северна Македонија, ние не можеме да кажеме „да“ за почеток на преговорите, изјави Радев.

Тој повторно се осврна на тоа дека Северна Македонија треба да ги исполни своите обврски од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и ја потенцира потребата од јасни законски гаранции дека Скопје ќе ги исполни своите обврски пред Софија да го укине ветото за почеток на преговорите.

Патоказ „5+1“ како можност за решение

Патоказот „5+1“ како можно решение за спорот вчера беше споменат и од високите претставници на Унијата. Патоказот би требало да биде готов до почетокот на ноември, а во него би имало решенија, кои треба да се исполнуваат во целиот преговарачки процес.

Потпретседателката на ЕК, Фон дер Лајен на завршната прес-конференција на Самитот, порача дека неотворањето преговори со Северна Македонија и Албанија го загрозува кредибилитет на ЕУ и поддршка во регионот.

Важно е да се знае дека Европската комисија работи интензивно за да се пронајдат клучните прашања во билатералниот спор меѓу Северна Македонија и Бугарија. Тоа се „пет плус едно“ прашање, за да се состави патоказот, како практичен чекор кон решавање на овој проблем. Убедена сум дека ќе најдеме решение, рече Фон дер Лајен.

Заев, одговарајќи на новинарско прашање за објаснување на планот, рече дека станува збор за точките, кои се дел од нашиот патоказ, што го доставиле на разгледување во Бугарија при посетата на земјата на 17 јуни оваа година.

„Се работи за точки што се решливи. Не дека се нерешливи и се работи за нешто на кое што дополнително треба да се посветат двете страни. Од наша страна постои подготвеност да влеземе во решавањето. Прво, е многу важно што македонскиот јазик, македонскиот народ не се допираат со овие пет точки, туку се работи за дипломатска нота – кратко/долго име, за немешање во внатрешни работи, за говор за омраза и организирање од двете страни како тоа да го намалиме, за интензивирање на работата на експертските комисии коишто треба да имаат барем определено колку пати годишно ќе се среќаваат, како и тоа што го спомнавте за делот на бугарската етничка група во Македонија. Ние немаме проблем со тоа прашање, наведе Заев.

Радев, пак, потенцира дека за „кревање“ на бугарското вето потребно е почитувањето на правата на Бугарите во Северна Македонија, искоренување на јазикот на омразата, толкувањето за Бугарија од учебниците и спомениците.

Очекуваме билатералниот протокол од 6 точки да биде готов до почетокот на ноември. Во протоколот има решенија кои треба да се исполнуваат во целиот преговарачки процес. Мене ме интересираат обврзувачките работи што треба да бидат завршени до почетокот на преговорите, за да кажеме „да“, додаде бугарскиот претседател Радев.

вето ЕУ- Западен Балкан Зоран Заев Македонија Румен Радев Самит Словенија спор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.