Со 11 гласа „за“ и два „против“, градскиот совет на Лос Анџелес одлучи да се воведат најстрогите анти-епидемиски мерки во САД, јавија американските медиуми.

Од 4 ноември, секој кој оди во ресторан, салон за маникир, на фитнес или на натпревар на кошаркарскиот тим Лос Анџелес Лејкерс ќе треба да приложи потврда за вакцинација.

Вториот најнаселен град во САД бележи огромен пораст на инфекции и хоспитализации. Градоначалникот Ерик Гарсети се очекува да го потпише документот кој веднаш ќе стапи во сила. Околу 78 проценти од 10 милиони луѓе во округот примиле барем една доза на вакцина против ковид-19, а 69 проценти се целосно вакцинирани.