Author: Sashko

Петроввец, Илинден, Зелениково и Ѓорче Петров беа местата што денеска ги посети ВМРО-ДПМНЕ во рамки на активностите во пресрет на локалните избори на 17 октомври. Централниот митинг се одржа во паркот во Ѓорче Петров каде, меѓу другите, се обрати лидерот на партијата, Христијан Мицкоски. Дури ни 2030-та година не е годината кога Македонија и Западен Балкан ќе бидат дел од Европската Унија (ЕУ), нагласи вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Општина Ѓорче Петров. Мицкоски рече дека со СДСМ нема Европска Унија, бидејќи, како што кажа, тие се длабоко навлезени во криминал и корупција. Не само што со СДСМ нема…

Read More

Кандидатот за градоначалник на Општина Боговиње, Бесник Емшиу и носителот на листата со советници, Илир Елези од ДУИ вечерва на централен митинг ја претставија програмата која се нуди пред гласачите. На митингот присуствуваше и дел од партиското раководство предводени од претседалот на ДУИ, Али Ахмети. Вашата агенда ќе биде полна со задачи, ние сме подготвени сите барања да ги исполниме, ова место да го подобриме. Како аспиранти за ЕУ, не може да бидеме членки без патишта, план за градење, без канализација, без снабдување со вода, стандарди за чистота на воздух. Апел да ги вратиме реките какви што беа чисти, сите имаме морална…

Read More

Од 1 јануари во 2022 година, просечната плата ќе биде 500 евра, а минималната плата ќе изнесува 300 евра, најави денеска од Свети Николе претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Земјоделците ни се важни, ги алоциравме субвенциите и секој пат кога е потребно дополнително интервенираме од буџетот, работниците ни се важни, ги покачивме платите и ги мотивиравме компаниите да ги зголемуваат платите, а државата ги плаќа придонесите. Минималната плата е покачена од 9.000 на 15.000 денари, просечната плата изнесува 28.744 денари, сите плати за само четири години се покачени за најмалку 100 евра, а истовремено стапката на невработеност падна на историски…

Read More

Францускиот претседател Емануел Макрон пред враќањето во Париз се осврна на самитот во Брдо, велејќи дека имало добри дискусии за Балканот и проширувањето, но дека се појавиле многу сложени ситуации, така што денеска во преден план на масата се најдоа и дискусиите меѓу Северна Македонија и Бугарија, јави дописникот на МИА. Имавме многу убава дискусија за Балканот и перспективите за проширување. Имаме многу сложени ситуации меѓу повеќе земји. Дискусиите Србија-Косово, односно Белград-Приштина остануваат многу сложени и затегнати. Поминавме долго време со нивните претставници, заедно со канцеларката Меркел, рече Макрон.   Тој ги наведе и дискусиите кои се водат меѓу Скопје…

Read More

Што е можно поскоро треба да ја одржиме првата меѓувладина конференција. Северна Македонија и нејзините граѓани заслужуваат да напредуваат на патот кон ЕУ, твитна високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, по средбата со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брдо кај Крањ. „Со Зоран Заев разговаравме за одлична соработка ЕУ – Северна Македонија, вклучително и безбедноста, глобалните прашања, регионалната интеграција, проширувањето, наведе Борел.

Read More

Градот Потсдам призна дека неодамна дошол до многу непријатно откритие дека почесното државјанство што во 1938 година му било доделено на нацистичкиот министер за пропаганда Јозеф Гебелс никогаш не е укинато, јави денеска агенцијата ДПА. Оваа чест на високиот нацистички функционер од Бабелсберг му била доделена на 1 април во 1938 година, една година пред тој да биде придодаден на Потсдам, главниот град на покраината Бранденбург. Иако ваквиот тип на почести вообичаено завршуваат кога носителот на чест ќе почине, во случајот на Гебелс тоа би било на 1 мај во 1945 година, тој сè уште е на листата на почесни…

Read More

Во оваа посета, што ја чекавме цели 30 години, дојдовме како Ваши пријатели. Денес, за време на сите мои средби уште еднаш се уверив дека напорите кои ги вложуваме во насока на уште поголемо зближување на нашите држави и народи, се двострани и искрени, рече претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски за време на официјалната свечена вечера во негова чест во Претседателската палата, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот, за време на здравицата, изрази задоволство што е прв претседател на Република Северна Македонија кој во тоа својство ја посетил Грција, а се осврна и на новата ера на соработка,…

Read More

Грција и Северна Македонија, како земји со заедничка граница, имаат уште поголема одговорност кон своите народи да работат заедно и да ги зајакнат билатералните односи со почитување на принципот на добрососедство и на меѓународното право, во корист и на нашите земји и на поширокиот регион, истакна претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу во нејзината здравица за време на вечерата во чест на претседателот Стево Пендаровски, јави дописничката на МИА од Атина. Сакеларопулу уште еднаш се осврна на важноста на првата официјална посета на претседател на државава на Грција, потенцирајќи дека „веќе е отворено едно важно поглавје во нашите билатерални односи, што…

Read More

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и денеска, во отсуство на лидерот Христијан Мицкоски кој е во Љубљана, продолжи со предизборните активности. Вечерта беше посветена на жителите на Општина Центар во Скопје пред кои говореа потпретседателот Александар Николоски, кандидатката за градоначалник на центарци, Наташа Котлар Трајкова, носителот на советничката листа за Град Скопје, Трајко Славески, итн. Мораме да ставиме крај на мафијата која што владее. Денеска ја видовте мафијата на дело, мафијата која што верува во слоганот – ако падне еден, паѓаат сите. И затоа денеска видовте само финале на нешто што, на ние што сме малку поискусни во оваа работа и…

Read More

Американскиот претседател Џозеф Бајден, во вчерашниот телефонски разговор со шефицата на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, уште еднаш ја нагласи потребата од продолжување на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија, објави денеска на својот официјален твитер налог американската амбасадорка во земјава, Кејт Мери Брнз. Бајден и нагласил на Фон дер Лајен дека процесот на проширување треба да продолжи со земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија, подвлекувајќи го нејзиното значење за регионалната стабилност, за развој и за просперитет, стои на твитер налогот на амбасадорката Брнз. Во соопштението од…

Read More

Потребен е мир за Балканот да напредува. За тоа се договоривме со претседателот на Хрватската демократска заедница во Босна и Херцеговина, Драган Човиќ, напиша на својот фејсбук-профил лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов, кој допатува во Љубљана на средба со лидерите на ЕПП за Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Софија. Според Борисов, заедничкото членство во Европската Унија (ЕУ) ќе донесе стабилност, безбедност, добрососедство и економски развој во регионот. Затоа Бугарија за време на управувањето на ГЕРБ секогаш ја поддржуваше европската интеграција на Западен Балкан, напиша Борисов во својата објава на Фејсбук. Тој го увери Човиќ…

Read More

Светската здравствена организација (СЗО) сè уште ги разгледува податоците за руската антиковид вакцина „Спутник V“ за да ја одобри за итна употреба. СЗО продолжува да го оценува „Спутник V“ од различни производствени локации и ќе ја објави одлуката кога ќе се знаат сите податоци и кога ќе заврши ревизијата, се наведува во соопштението на СЗО. Соопштението дојде откако рускиот министер за здравство Михаил Мурашенко овие денови изјави дека административните прашања се главната пречка за СЗО да одлучи дали ќе одобри итна употреба на вакцината „Спутник V“. Евентуалното одобрување на „Спутник V“ би значело меѓународна доверба во вакцината по ригорозна ревизија…

Read More