Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сакеларопулу: Отворено е важно поглавје што дава и нов импулс во односите меѓу Скопје и Атина

0
By Sashko on October 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 5, 2021 23:39

Грција и Северна Македонија, како земји со заедничка граница, имаат уште поголема одговорност кон своите народи да работат заедно и да ги зајакнат билатералните односи со почитување на принципот на добрососедство и на меѓународното право, во корист и на нашите земји и на поширокиот регион, истакна претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу во нејзината здравица за време на вечерата во чест на претседателот Стево Пендаровски, јави дописничката на МИА од Атина.

Сакеларопулу уште еднаш се осврна на важноста на првата официјална посета на претседател на државава на Грција, потенцирајќи дека „веќе е отворено едно важно поглавје во нашите билатерални односи, што им дава нов импулс“.

Таа додаде дека тие веруваат во взаемно корисен однос меѓу двете земји, како соседи, како земји членки на НАТО, како и во рамки на Европската Унија, а ја спомена и ЕУ интеграцијата на регионот како стратешка цел за Грција уште од 2003 година и конференцијата во Солун, „која за прв пат ја препозна нивната европска перспектива и која се уште претставува пресвртница и референтна точка“.

Грција силно го поддржува пристапниот процес на Северна Македонија кон Европската Унија според поставената условеност. Ова е потврдено и со нејзиниот јасен став околу започување што е можно поскоро на пристапните преговори со Вашата земја и со нејзината практична поддршка, со пренесување на знаење за спроведување на реформите и примена на европската легислатива, додаде претседателката на Грција, посочувајќи дека заедничка цел е да се изгради и обезбеди иднината на регионот, а „нашата заедничка иднина е во европското семејство“.

Во поздравниот говор, Сакеларопулу повтори дека целосно и со добра волја спроведување на Преспанскиот Договор е неопходен елемент за непречен развој на односите меѓу двете земји.

Се осврна и на потенцијалот за економски развој, за кој рече дека е огромен, особено во области како што се интерконекцијата, енергетиката, инвестициите или трговијата.

Грција Катерина Сакералопулу Македонија посета претседател регион Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.