Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Дури ни 2030-та не е годината кога земјава ќе биде дел од ЕУ

0
By Sashko on October 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 6, 2021 22:34
Петроввец, Илинден, Зелениково и Ѓорче Петров беа местата што денеска ги посети ВМРО-ДПМНЕ во рамки на активностите во пресрет на локалните избори на 17 октомври. Централниот митинг се одржа во паркот во Ѓорче Петров каде, меѓу другите, се обрати лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.
Дури ни 2030-та година не е годината кога Македонија и Западен Балкан ќе бидат дел од Европската Унија (ЕУ), нагласи вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Општина Ѓорче Петров.

Мицкоски рече дека со СДСМ нема Европска Унија, бидејќи, како што кажа, тие се длабоко навлезени во криминал и корупција.

Не само што со СДСМ нема датум, туку и Македонија ја втурнаа во нова криза во европските интеграции што поради нивниот криминал и заразната корупција, ЕУ стана далечна цел. А се сеќавате, ни викаше излезете за Европска Македонија – и ќе имаме бесплатно здравство. Имаше билборди на кои ни порачуваше дека ќе обезбедил бесплатни студии во Европа, 250.00 евра помош секој ден, 18 милиони евра за реформи во судството и што уште не. А каква е реалноста?, рече Мицкоски.

Во својот говор Мицкоски се осврна и на Извештајот за пожарот во модуларната болница во Тетово и обвини дека е лага оти кабелот и струјата се виновни за изгорените 14 луѓе и нагласи дека ќе одговараат за трагедијата.

Носителот на советничката листа за Град Скопје, Трајко Славески, пред граѓаните на Општина Ѓорче Петров порача дека е доста од загадено и уништено Скопје. Тој вети дека Скопје ќе биде град со нова Универзална сала, нов забавен парк, ред во сообраќајот, како и град со безбеден и ефикасен еколошки јавен превоз.

„Со целосна поддршка на Програмата за модерно Скопје на независниот кандидат за градоначалник Данела Арсовска, ние се обврзуваме и гарантираме исполнување на клучните приоритети за градот Скопје. Размислуваме и планираме стратешки, темелно и долгорочно, а делуваме практично, брзо и сигурно. Град со ред во сообраќајот. Град со безбеден и ефикасен еколошки јавен превоз. Гасифициран град со можност за приклучок во секое домаќинство. Град со десетици илјади метри квадратни нови паркови. Град со нова Универзална сала, нов забавен парк. Град со нови можности за младите да останат да живеат и творат во Скопје. Тоа е Скопје што го сакаме, тоа е Скопје што го заслужуваме. Тоа е Скопје за кое вреди да се бориме“, посочи Славески.

ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска локални избори 2021 Македонија Трајко Славески Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.