Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макрон: Дискусиите меѓу С. Македонија и Бугарија во преден план на Самитот во Брдо кај Крањ

0
By Sashko on October 6, 2021 ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: ft.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 6, 2021 20:03

Францускиот претседател Емануел Макрон пред враќањето во Париз се осврна на самитот во Брдо, велејќи дека имало добри дискусии за Балканот и проширувањето, но дека се појавиле многу сложени ситуации, така што денеска во преден план на масата се најдоа и дискусиите меѓу Северна Македонија и Бугарија, јави дописникот на МИА.

Имавме многу убава дискусија за Балканот и перспективите за проширување. Имаме многу сложени ситуации меѓу повеќе земји. Дискусиите Србија-Косово, односно Белград-Приштина остануваат многу сложени и затегнати. Поминавме долго време со нивните претставници, заедно со канцеларката Меркел, рече Макрон.  

Тој ги наведе и дискусиите кои се водат меѓу Скопје и Софија, нагласувајќи дека е потребно да му се дадат краткорочни перспективи на регионот.

Денеска во преден план се најдоа и дискусиите меѓу Северна Македонија и Бугарија. Треба да напредуваме по овие прашања. Но, нашата желба е да му се дадат вистински краткорочни перспективи на Балканот. Тој е во Европа, Западен Балкан е во Европа, изјави Макрон.

Францускиот претседател е загрижен од враќањето на историјата и големите тензии во регионот, залагајќи се за заеднички пристап на малцинствата во целиот регион. Според Макрон, Европската Унија има два предизвика, реформата на своите институции и проширувањето.

Мислам дека ЕУ има два предизвка, иако има многу други ако се гледаат сите прашања. Најпрво треба да се прошириме и да имаме дискусии со соседството, особено со Русија и со Турција.  И истовремено треба длабоко да го трансформираме нашето заедничко функционирање, кое веќе е многу тешко со 27 земји членки, тоа го гледате добро. Ние ја имаме таа двојна задача, која мислам дека е комплементарна, истакна Макрон.  

Претседателот на Франција оцени дека ова беше Самит на кој се зацртаа стратегиите на ЕУ, меѓу кои и агендата за проширувањето.

„Ова беше етапен самит. Тој ќе дозволи да се извлечат заклучоци за геополитиката во октомври во Брисел. Ние имаме агенда за да се напредува за нашата надворешна политика, како и за нашата стратешка политика и исто така агенда за политиката за проширувањето, заклучи Макрон.

Бугарија Емануел Макрон ЕУ Западен Балкан Македонија проширување регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.