Author: Sashko

Привремената бугарска влада одлучи да го продолжи рокот на попис на населението и домаќинствата до 10 октомври. Како што јави дописникот на МИА од Софија, продолжувањето на статистичката операција ќе обезбеди неопходно време на попишувачите за завршување на нивните активности и собирање на сите потребни информации во согласност со европското и со националното законодавство. Националниот институт за статистика на Бугарија објави дека рокот за попис преку интернет истекува до 30 септември на полноќ. Дотогаш граѓаните на Бугарија ќе можат да се попишат преку информативниот систем „Попис 2021“. Досега, 2.216.254 милиони луѓе се пребројани преку интернет, распоредени во 973.811 домаќинства. Преку…

Read More

Денеска е последниот 26-ти ден од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија. До вчера во земјава се попишани вкупно 1.760.194 милиони лица, 546.080 домаќинства и 789.406 станови, додека можноста за самопопишување на лица во странство досега ја искористиле 201.247 граѓани. Продолжување на Пописот засега не е побарано од Државниот завод за статистика (ДЗС) кој, како што вчера посочи владиниот портпарол Душко Арсовски, ќе го има последниот збор за тоа. Последниот збор за евентуално продолжување на пописот ќе го има Државниот завод за статистика, информациите од таму се дека на неполни два дена до завршувањето на теренското попишување на…

Read More

Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија (ЕУ). Се додека доаѓа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и вели дека поддршката за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан е недвосмислена, ние само треба да продолжиме да работиме, да се покажеме и докажеме и да ги убедиме дека заслужуваме да бидеме дел од Унијата. Таа од Скопје ја испрати пораката за силна поддршка, оддаде признание за постигнатиот напредок во реформите и рече дека е ангажирана за Северна Македонија до крајот на оваа година да ги почне преговорите за членство. Ова е ставот на официјални претставници на…

Read More

Реконструкции на локални патишта, водоводни и канализациски системи, транспаретност и соработка со граѓаните и реализација на проекти со кои ќе се подобри животот, се дел од ветувањата на партиите и кандидатите за градоначалници кои и денеска продолжуваат со предизборни активности во трката за доверба од граѓаните. Со пораки дека се дава шанса за младите и дека со победа ќе ја потврдат исправноста на своите политики, коалицијата предводена од СДСМ вчера ги претстави своите кандидати за градоначалници и носители на советнички листи во Струмица, во Ново Село, во Босилово, во Василево, во Старо Нагоричане, во Штип и во Куманово. СДСМ не…

Read More

Градежниот институт „Македонија“ и Макстил АД Скопје денеска ќе го презентираат проектот „Синдерела“ за циркуларна економија и искористување на отпадот како ресурс. „Синдерела“ е комплексен истражувачки и иновативен проект, финансиран од програмата „Хоризонт 2020“ на Европската Комисија, базиран врз можностите за намалување на урбаниот отпад, кој има за цел развивање и демонстрирање нов бизнис модел на циркуларната економија. Во овој проект индустрискиот отпад-троска добиен од печките за топење на отпадно железо, станува квалитетен градежен материјал кој се искористи за асфалтирање и изградба на преградни блокови.

Read More

Во Скопје денеска ќе се одржи почетен настан на твининг проектот „Поддршка во спроведувањето на модернизираната правна рамка за заштита на личните податоци“. Настанот е во организација на Агенцијата за заштита на личните податоци на Северна Македонија, Агенцијата за заштита на личните податоци на Хрватска и Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ). Целта на проектот е да се подобри заштитата на основните човекови права и националниот систем за заштита на личните податоци во Северна Македонија, во согласност со стандардите од законодавството на Европската Унија (ЕУ) и да се подобри работата на Агенцијата за заштита на личните податоци за спроведување на…

Read More

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска ќе има специјално обраќање на есенската сесија на Парламентарното собрание при Советот на Европа (ПССЕ). По неговото обраќање, предвидена е дискусија за демократските предизвици и европските аспирации за Западниот Балкан и улогата на Советот на Европа во таа смисла, стои во соопштението на Секретаријатот за европски прашања (СЕП). Како што соопштија од СЕП, пред членовите на ПССЕ, вицепремиерот Димитров ќе го презентира напредокот на Северна Македонија во исполнувањето на стратешките приоритети, како и регионалната соработка во однос на европските интеграции по што ќе бидат разменети мислења за предизвиците и…

Read More

Денеска и утре, Скопје ќе биде домаќин на осмиот Форум на граѓанско општество на Западен Балкан во организација на Европскиот економски и социјален комитет. Меѓу говорниците на Форумот ќе бидат премиерот Зоран Заев, кој ќе го отвори настанот, Криста Швенг, претседател на Европскиот економски и социјален комитет, Оливер Вархеји, комесар за соседство и проширување, кој ќе се обрати виртуелно, како и Гаспер Довжан, државен секретар во Министерството за надворешни работи на Словенија. На Форумот ќе се дискутира за начините за подобрување на процесот на пристапување – веродостојна ЕУ перспектива за Западен Балкан, пост-ковид закрепнување – предизвици и можности на Економскиот и инвестицискиот…

Read More

Денеска во земјава ќе преовладува претежно облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во западните краеви каде повремено ќе бидат поројни и на места локално ќе наврнат до 20 л./м2. Ќе дува слаб до умерен ветар од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 16 степени, а максималната од 14 до 20 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде околу 15 степени, а максималната до 18 степени. Вакво време ќе се задржи до петок кога…

Read More

Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили најави план за враќање дома во претстојниот викенд, во кој ќе се одржат локални избори, за да помогне во „спасување на земјата“ и повика на пост-изборни улични протести. Саакашвили, кој е во Украина, рече дека планира да се врати во сабота, и покрај тоа што му се заканува затвор поради обвинувања за кои тврди дека се политички мотивирани. Се решава судбината на Грузија, во прашање е опстанокот на Грузија и затоа купив авионски билет за 2 октомври за да бидам со вас и да ја заштитам вашата (политичка) волја, да учествувам во спасувањето на Грузија,…

Read More

 „Фајзер“ и „БајонТек“, чии вакцини се употребуваат за имунизација на Американците против ковид-19, ги поднесоа прелиминарните резултати до Агенцијата за храна и лекови (ФДА) од испитувањата на вакцината врз деца од пет до 11 годишна возраст.  Фармацевтите укажуват дека испитувањето, во кое учествувале 2.268 волонтери од таа возрасна група, покажало „позитивни резултати“.  Вакцината демонстрира позитивен безбедносен профил и предизвикува силен неутрализирачки одговор со антитела во режим од две дози, се вели во извештајот до ФДА.  Компаниите планираат да поднесат формално барање за авторизација за вонредна употреба на вакцината кај деца во следните недели. Тие, исто така, планираат да поднесат барање…

Read More

Најмалку 4.752.875 милиони луѓе починаа досега од коронавирус во светот, додека над 231.273.010 милиони лица беа заразени. Како што пренесуваат странските агенции, бројот на официјално заразени не го одразува вистинскиот број, бидејќи многу земји тестираат само пациенти на кои им е потребен болнички третман. Соединетите Американски Држави се најтешко погодени со 690.426 смртни случаи и 43.116.432 милиони заразени. Следуваат Бразил со 594.443 смртни случаи и 21.366.395 милиони случаи на инфекција, Индија со 447.373 смртни случаи (33.697.581 милиони на заразени), Мексико со 275.676 смртни случаи (3.635.807 милиони на заразени) и Русија со 205.531 смртни случаи (7.464.708 милиони заразени). Меѓу земјите што се…

Read More