Најмалку 4.752.875 милиони луѓе починаа досега од коронавирус во светот, додека над 231.273.010 милиони лица беа заразени.

Како што пренесуваат странските агенции, бројот на официјално заразени не го одразува вистинскиот број, бидејќи многу земји тестираат само пациенти на кои им е потребен болнички третман.

Соединетите Американски Држави се најтешко погодени со 690.426 смртни случаи и 43.116.432 милиони заразени. Следуваат Бразил со 594.443 смртни случаи и 21.366.395 милиони случаи на инфекција, Индија со 447.373 смртни случаи (33.697.581 милиони на заразени), Мексико со 275.676 смртни случаи (3.635.807 милиони на заразени) и Русија со 205.531 смртни случаи (7.464.708 милиони заразени).

Меѓу земјите што се најтешко погодени, Перу има најмногу смртни случаи во однос на населението, 604 на 100.000 жители. Потоа следуваат БиХ (320), Северна Македонија (317), Унгарија (312), Црна Гора (303) и Бугарија (295).
Латинска Америка и Карибите имаат 1.484.609 смртни случаи (44.797.829 милиони заразени), Европа – 1.305.044 милиони смртни случаи (67.318.550 милиони на заразени), Азија – 836.095 смртни случаи (53.707.794 милиони на заразени), САД и Канада – 718.081 смртни случаи (44.720.901 заразени), Африка – 209.171 смртни случаи (13.303.574 милиони заразени) и Океанија 2.091 починати (173.237 заразени).
Агенциите секојдневно прават биланс на состојбата со коронавирусот врз основа на државните податоци за земјите во светот и информации на Светската здравствена организација.