Author: Sashko

Германските социјалдемократи (СПД) победија на регионалните избори за управување со федералната влада во Берлин, според првичните резултати објавени утрово, што значи дека нивната кандидатка Франциска Гифи ќе стане првата градоначалничка на германскиот главен град. Гифи (43) која претходно беше министерка за семејство во владата на канцеларката Ангела Меркел, ќе ја преземе функцијата градоначалник од Мајкл Мулер од СПД, откако тој одлучи да не се кандидира повторно. СПД освои 21,4 проценти од гласовите, нешто помалку од 21,6 проценти колку што ги освоија во 2016 година, додека Зелените – 18,9 проценти од гласовите од 15,2 отсто пред пет години. Гифи, која некогаш…

Read More

Германската Социјалдемократска партија (СПД) победи на изборите за Бундестагот, пред конзервативниот блок на канцеларката Ангела Меркел, јави агенцијата ДПА, повикувајќи се на податоци што се објавени на веб-страницата на федералната изборна комисија по пребројување на гласовите. СПД освои 25,7 проценти од гласовите, што е нивни најдобар резултат во изминатите неколку години. Блокот на Меркел, составен од Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), ја доби поддршката на 24,1 отсто од гласачите што, пак, е досега најлош резултат. „Зелените“ се на трето место со 14,8 проценти и тоа е нивниот најдобар изборен учинок. Партијата на слободни демократи (ФДП) освои 11,5 отсто…

Read More

Вистината треба да стане наша водилка низ минатото, сегашноста и иднината. Од неа отстапување не смее да има. Вистината е една од споделените вредности на демократиите. Ако дојде време големите сили директно да се ангажираат во македонско-бугарскиот спор, политичарите ќе побараат помош од своите историчари. Тогаш ќе разбереме колку нашата историска мисла е компатибилна со светската. Такво време не е дојдено, изјави некни американската амбасадорка во нашата земја и очекувањата се политичарите на Македонија и на Бугарија да најдат решение кое ќе ни ги отвори вратите кон ЕУ. Наместо да видат до кој степен нивната досегашна работа е во согласност…

Read More

Кандидатот на ЦДУ/ЦСУ за германски канцелар, Армин Лашет вечерва изјави дека се води тесна борба во изборната ноќ, но порача дека унионистите сакаат да ја водат новата влада. На почетокот на своето обраќање во изборниот штаб, тој нагласи дека за првпат по 16 години Ангела Меркел не се кандидирала за канцелар, па затоа тие влегле во изборната трка без „бонус“. Знаевме дека ќе биде тешко и дека ќе имаме тесна борба во изборната ноќ. Сè уште немаме конечни резултати. Но, треба да кажеме дека не можеме да бидеме задоволни со резултатот, констатира Лашет. Тој истакна дека во секој случај, исходот…

Read More

Кандидатот за канцелар на СПД на денешните парламентарни избори во Германија, Олаф Шолц ги оцени резултатите на неговата партија како „голем успех“, откако првичните прогнози покажаа дека неговата СПД е во благо водство пред конзервативците. „Ова ќе биде долга изборна ноќ. Тоа е сигурно. Но, исто така, е сигурно дека многу граѓани ја избраа СПД, бидејќи сакаат промена на власта и сакаат наредниот канцелар да се вика Олаф Шолц, истакна тој пред своите поддржувачи.

Read More

Во последниот натпревар од 8. коло во Првата македонска фудбалска лига, Шкупи вечерва славешe победа на гостински терен против Академија Пандев со 3:1. За тимот од Чаир ова е петта победа сезонава, додека струмичани го претрпеа вториот пораз. ПМФЛ, резултати, 8 коло Академија Пандев – Шкупи 1:3, Борец – Скопје 0:2, Работнички – Пелистер 1:1, Ренова – Брегалница 5:2, Струга – Шкендија 1:1, Тиквеш – Македонија Ѓ.П. 3:0. Табела: Шкупи 17 бода, Ренова 17, Работнички 15, Академија Пандев 14, Струга 13, Шкендија 11, Брегалница 10, Македонија ЃП 9, Скопје 8, Борец 7, Тиквеш 5 и Пелистер 3.

Read More

Резултатите од денешните избори во Германија се следат и во германската амбасада во Скопје во присуство на гости, меѓу кои и лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во друштво на амбасадорката Анке Холштајн. Двајцата ривали на политичката сцена, овојпат во опуштена атмосфера ги следат информациите од Германија, каде 64 милиони лица со право на глас денеска бираа нов состав на Бундестагот и наследник на Ангела Меркел на функцијата канцелар. Првите излезни анкети од изборите во Германија укажуваат на мртва трка меѓу ЦДУ и СПД.

Read More

Швајцарците на денешниот референдум одлучно одлучија во корист на бракови за сите, односно гласаа „за“ можноста за склучување на истополови бракови, што претставува голем пораз за сите противници што ги сметаа како закана по благосостојбата на детето, пренесува Хина. Позитивно на референдумот се изјаснија 64,1 отсто, а тоа е конечен резултат што го објави и федералната влада. Сите швајцарски кантони, вклучувајќи ги и најконзервативните, гласаа „за“ на денешното изјаснување. Денешниот резултат е одраз на промената на менталитетот што почна да се случува во последните 20 години. Тоа е навистина одраз на многу широко и важно прифаќање на ЛГБТ луѓето во…

Read More

Конзервативците и социјалдемократите освоија речиси ист број гласови на денешните парламентарни избори во Германија, но засега се уште не е познато кој ќе ја заземе првата позиција, покажуваат резултатите врз основа на излезните анкети. Според излезната анкета на телевизијата АРД, и конзервативната коалиција на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), но и Социјалдемократската партија на Германија (СПД) освоија по 25 проценти од гласовите. Излезната анкета на телевизијата ЗДФ предвидува дека СПД, чиј кандидат за канцелар е Олаф Шолц, ќе има 26 проценти, а демохристијаните, предводени од Армин Лашет, ќе освојат 24 отсто од гласовите. Резултатите од двете излезни анкети…

Read More

Исланд стана првата земја во Европа со повеќе жени од мажи во парламентот, еден ден по парламентарните избори кои ја доведоа во прашање иднината на лево-десничарската коалиција, и покрај тоа што освои јасно мнозинство. Од 63 места во законодавниот дом, 33 ќе ги заземат жени или 52 отсто, според прогнозите врз основа на денешните конечни резултати. Ниту една друга европска земја нема повеќе од 50 проценти жени пратеници, а Шведска е најблиску со 47 отсто, според податоците од Светска банка. Пет други држави во светот моментно имаат парламенти во кои жените имаат најмалку половина од пратеничките места, според Интерпарламентарната унија:…

Read More

Припадниците на српската сообраќајна полиција околу 12:30 часот на автопатот Ниш-Белград кај Велика Плана, запреле возач на возраст од 32 години, кој возел со 252,8 килопметри на час на делот од автопатот каде што е дозволена брзина од 130 километри. Според соопштението на Министерството за внатрешни работи, возачот на Ауди А8, кој е државјанин на Северна Македонија, е исклучен од сообраќајот и против него ќе биде поднесена прекршочна пријава за насилничко возење.

Read More

Во последните 24 часа, од направени 3.425 тестoви, се регистрирани 336 нови случаи на ковид-19, починаа 17 лица од кои пола од Скопје и од Куманово, додека оздравеа 222 пациенти, информираат од Министерството за здравство (МЗ), повикувајќи се на податоци од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од новите 336 случаи од Скопје се 169, од Велес и од Струмица – по 21, од Куманово – 17, од Охрид и од Кавадарци – по 15, од Битола – 14, од Штип – 13, од Кочани – 11, од Свети Николе – 10, од Прилеп – 6, од Тетово – 4, од…

Read More