Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избори во Германија: Новиот состав на Бундестагот со рекорден број пратеници

0
By Sashko on September 27, 2021 СВЕТ
Фото: dreamstime.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 27, 2021 10:14

Германската Социјалдемократска партија (СПД) победи на изборите за Бундестагот, пред конзервативниот блок на канцеларката Ангела Меркел, јави агенцијата ДПА, повикувајќи се на податоци што се објавени на веб-страницата на федералната изборна комисија по пребројување на гласовите.

СПД освои 25,7 проценти од гласовите, што е нивни најдобар резултат во изминатите неколку години. Блокот на Меркел, составен од Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), ја доби поддршката на 24,1 отсто од гласачите што, пак, е досега најлош резултат.

„Зелените“ се на трето место со 14,8 проценти и тоа е нивниот најдобар изборен учинок. Партијата на слободни демократи (ФДП) освои 11,5 отсто од гласовите, што претставува зголемување на поддршката во споредба со претходните избори. Партијата Алтернатива за Германија падна на петтото место со 10,3 проценти.

Новоизбраниот Парламент на Германија ќе има 735 пратеници, што е рекорден број, бидејќи досегашниот изнесуваше 709.

Во дваесетиот состав на Бундестагот, според прелиминарните изборни резултати, партиите ќе го имаат следниот број мандати односно пратеници: СПД – 206, ЦДУ/ЦСУ – 196, „Зелените“ – 118, ФДП – 92, АфД – 83, Левица – 39, ССВ – 1.

Во Бундестагот со еден мандат влегува партијата на националното малцинство Здружение на јужен Шлезвиг (ССВ) за која не важи прагот од пет отсто.

Излезеноста на вчерашните парламентарни избори во Германија изнесувала 76,6 отсто.

Бундестаг Германија избори пратеници Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.