Кандидатот за канцелар на СПД на денешните парламентарни избори во Германија, Олаф Шолц ги оцени резултатите на неговата партија како „голем успех“, откако првичните прогнози покажаа дека неговата СПД е во благо водство пред конзервативците.

„Ова ќе биде долга изборна ноќ. Тоа е сигурно. Но, исто така, е сигурно дека многу граѓани ја избраа СПД, бидејќи сакаат промена на власта и сакаат наредниот канцелар да се вика Олаф Шолц, истакна тој пред своите поддржувачи.