Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Малески: Помирувањето и историската вистина одат заедно

0
By Sashko on September 26, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 26, 2021 21:36

Вистината треба да стане наша водилка низ минатото, сегашноста и иднината. Од неа отстапување не смее да има. Вистината е една од споделените вредности на демократиите. Ако дојде време големите сили директно да се ангажираат во македонско-бугарскиот спор, политичарите ќе побараат помош од своите историчари. Тогаш ќе разбереме колку нашата историска мисла е компатибилна со светската. Такво време не е дојдено, изјави некни американската амбасадорка во нашата земја и очекувањата се политичарите на Македонија и на Бугарија да најдат решение кое ќе ни ги отвори вратите кон ЕУ.

Наместо да видат до кој степен нивната досегашна работа е во согласност со објективните историски факти, македонските историчари отвораат фронт кон сопствената влада против обидите таа да поведе по европскиот пат на помирување со Бугарија. Нивните стравови дека ќе биде заборавена „отсечената глава на Невена Георгиевска Дуња, убиството на ваташките младинци или холокаустот на Евреите“ се без никаква основа. Тие историски факти никој не може да ги избрише.

Помирувањето меѓу Америка, Велика Британија или Франција со Германија не е на штета на историската вистина. Доказ за тоа се документарните серии на History Channel, на безброј филмови и на обемна историска литература посветени на нацизмот и на фашизмот. А, сепак, денешните Американци, Британци и Французи се најдобрите пријатели со денешните Германци. Овие народи сега споделуваат исти демократски вредности и ги воспитуваат своите деца во духот на толеранција, простување и незборавање. Незаборавање не толку на она што Германија го сторила на Евреите колку на тоа што може еден народ да му направи на друг ако им се даде слобода на злите духови во луѓето да излезат од шишето.

Во деведесеттите мојата најмала ќерка Владица мина низ искуството да менува училишта – градинка во Њујорк, прво одделение во Христијан Тодоровски Карпош во Скопје, а второ во Riverside School во Принстон. Потоа пак назад во Карпош. Од вредностите кои ѝ ги втисна американскиот школски систем не може да избега ни денес: стремеж кон еднаквост, космополитизам, грижа за човековата околина, да спомнам само некои.

Во школото во Скопје, пак, седум-осумгодишното девојче беше импресионирано со бројот на херои кои ги има Македонија и страшниот начин на кој ги завршиле своите млади животи. Не разбираше кој комушто сторил но никогаш не падна во стапицата на гнев и омраза кон други народи. А заклучи дека „сите народи на Балканот меѓусебе се мразат“, па следеше прецизно набројување кој кого мрази. Не ѝ кажав дека почетоците на омразата ги забележав во осумдесеттите, кога попушти стегата на еднопартискиот систем и почна да се руши Југославија во која за вербална навреда на национална основа се одеше во затвор. Кога попушти репресијата, бевме слободни да навредуваме па прво што исплива на површина беше гневот и омразите кон другите народи.

Не, нема да се заборави „отсечената глава на Невена Георгиевска – Дуња, на убиството на седумте ваташки младинци и на холокаустот на Евреите“ ако политиката на Македонија го поведе народот кон простување и помирување. Само ќе ги ослободи граѓаните од гнев и омраза и ќе ги направи граѓани на Европа и на светот. Ќе ги направи и помалку податливи на екстремни идеологии кои се закана за мирот и прогресот. Што се однесува до македонската нација, денес таа ги има сите инструменти да се вклучи во широкото поле за културен натпревар меѓу народите. За нејзина афирмација, пак, потребна е само работа и дисциплина.

Пишува: Денко Малески

Преземено од плусинфо.мк

Бугарија Денко Малески Македонија решение спор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.