Author: Sashko

На територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 182 мерки, меѓу кои 46 за возење над дозволена брзина, 20 за возење без возачка дозвола, четири за возење под дејство на алкохол, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се осум мерки за користење на мобилен телефон, пет за некористење сигурносен појас, пет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 62 за непрописно паркирање. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, соопшти МВР.

Read More

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), вкупната потрошувачка по видови на енергенти во земјава, во јули 2021 година, изнесува 602.525 МWh електрична енергија, 34.819 мил. м3 природен гас, 354.361 тони јаглен и 109.198 тони нафтени продукти. Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 81.4 отсто во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96,91 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија, соопшти ДЗС.

Read More

Климатската промена е факт и закана не само за нашата генерација, туку и за многу следни генерации, па и за самата планета Земја. Немаме избор мораме да дејствуваме денес, иако може да се чини тешко. Мораме драстично да го намалиме загадувањето што бара тешки и болни избори. Потребен ни е нов одржлив економски модел што ги носи нашите земји кон еколошки и економски прогрес и ја унапредува благосостојбата на нашите граѓани, порача премиерот на Косово, Албин Курти во обраќањето на денешниот Социо-еколошки форум, прв настан од ваков тип на Западниот Балкан, што денеска се одржува во Скопје. Новиот одржлив модел…

Read More

Една од главните заложби на Владата е да ги постави енергетските политики на стабилно долгорочни основи базирани на чиста, зелена енергија, создавање услови за одржлив раст на економијата, здрава животна средина и нови работни места, истакна премиерот Зоран Заев во обраќањето на Социо-еколошкиот форум во Скопје. Заев посочи дека новиот Закон за енергетика е целосно услогласен со ЕУ и Енергетската заедница и овозможува реализација на новата стратегија за енергетиката до 2040 година и националниот план за клима и енергија. Истакна дека еден од основните принципи на Владата е тоа што е зацртано во стратегиите и програмите брзо да биде преточено…

Read More

Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) на Република Северна Македонија соопшти дека доколку прогнозата за средната надворешна температура е помала или еднаква на 12 степени целзиусови, грејната сезона може да започне и порано односно на 1 октомври. Грејната сезона официјално започнува од 15 октомври и трае до 15 април следната година, но доколку добиеме податоци од УХМР дека прогнозата за средната надворешна температура за следниот ден е помала или еднаква на 12 степени целзиусови, РКЕ веднаш ги известува снабдувачите со топлинска енергија со насока да стартуваат со испорака, вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Во…

Read More

Околу полноќ во стан во загрепската населба Млинови, полиција пронајде три, најверојатно задушени деца и нивниот татко кој се обидел да се самоубие, пренесуваат хрватските медиуми. Од хрватската полиција велат дека околу 2 часот по полноќ во населбата Млинови, врз основа на добиени информации за најавено самоубиство, во стан е пронајден маж кој се обидел да се самоубие поради што е превезен во болница. „На местото на настанот се пронајдени и три деца без знаци на живот и се сомнежите одат во насока на казненото дело – убиство“, се вели во соопштението на загрепската полиција.

Read More

Крис Куомо, брат на поранешниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо и водител на вечерна емисија на „Си-Ен-Ен“, е обвинет од негова поранешна соработничка за непристојно допирање. Шели Рос, поранешна извршна продуцентка во „Еј-Би-Си“ го обвини Куомо за непристојно допирање за време на забава во 2005 година. Рос го опишува настанот во писмо објавено од „Њујорк тајмс“. По случката, таа и нејзиниот сопруг, кој го забележал тоа, веднаш заминале од забавата. Во писмото таа ја става под знак прашање моралноста, искреноста и компетентноста на Куомо, правник по занимање и познат водител на вечерно политичко ток шоу на „Си-Ен-Ен“. Понатаму во писмото…

Read More

На иницијатива на Музејот на македонската борба за самостојност, семејството на големиот македонски поет Анте Поповски донира 46 лични предмети, соопшти директорката на музејот, Даниела Николова на отворање на четвртото издание на меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“. Едно уметничко дело, признанија, лични ракописи, ордени и други документи ќе го красат музејскиот фундус. Директорката на Музејот, Даниела Николова изрази благодарност до семејството на Анте Поповски и најави голема ретроспективна изложба на која сите овие предмети ќе бидат претставени пред пошироката јавност. Годинашниот добитник на почесното признание „Антева златна книга“ е академик Влада Урошевиќ. Наградата му ја врачи професор…

Read More

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во август се зголемени за 214 денари во однос на јули. Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) пресмета дека за основните месечни потреби на едно семејство се неопходни 34.342 денари, а доколку во семејството има барем еден ученик, тогаш трошоците се зголемуваат за околу 8.000 денари. Од ССМ велат дека ниту просечна, ниту две минимални плати, се доволни за покривање на синдикалната минимална кошница. Нивните анализи покажуваат дека трошоците за живот континуирано се зголемуваат, а платите стагнираат. Најмногу пари, според пресметките на ССМ, се трошат за храна и пијалоци (14.633 денари) и за плаќање…

Read More

На претстојните локални избори на 17 октомври ќе може да гласаат 1.824.864 милиони граѓани. Избирачкиот список беше затворен на синоќешната седница на Државната изборна комисија (ДИК) согласно роковникот, член 52 од Изборниот законик и промените и ажурирањето што произлегоа од јавниот увид во податоци. Најдоцна на 1 октомври, односно 15 дена пред денот на одржувањето на изборите, ДИК треба да го потпише заклучениот Избирачки список и изводите од него. Како што беше соопштено на 27-та седница на ДИК, од вкупниот број на гласачи, во изводите на Избирачкиот список се запишани 1.740.147 милиони лица. Во Посебните извори од Избирачкиот список се…

Read More

Во Скопје денеска ќе се одржи Социо-еколошки форум (СЕФ), прв настан од ваков тип на Западниот Балкан, што ги обединува регионалните и европски прогресивни политички лидери, тинк-тенк и невладини организации, младински лидери и новинари, да дискутираат за чистата и зелена иднина, достапна за сите граѓани на земјите од Западниот Балкан. Како што е најавено од Фондација „Фридрих-Еберт“, воведни обраќања на СЕФ-Скопје ќе имаат премиерите на Република Северна Македонија, Зоран Заев и на Косово, Албин Курти. Предивдено е за време на работниот дел да се обратат повеќе од 15 панелисти, претставници на прогресивни организации и социјалдемократски партии од регионот и Европа.…

Read More

Заклучно со вчера до 12 часот се попишани вкупно 1.395.000 милиони граѓани во земјава, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а самопопишани се 195.477 граѓани од дијаспората. Државниот завод за статистика (ДЗС) од денеска, со цел никој да не биде пропуштен во пописот, ќе овозможи на граѓаните да можат да отидат до одредни локации во нивните општини и да ја завршат својата граѓанска и законска должност. Портпаролот на Владата, Муамет Хоџа на вчерашната прес-конференција апелираше до останатите во земјава и до сите во дијаспората кои досега не се попишани да го сторат тоа. Јасмина Ѓоргиева од ДЗС на прес-конференција…

Read More