Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Донирани 46 лични предмети на големиот македонски поет Анте Поповски во Музејот на македонската борба за самостојност

0
By Sashko on September 25, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 25, 2021 09:15

На иницијатива на Музејот на македонската борба за самостојност, семејството на големиот македонски поет Анте Поповски донира 46 лични предмети, соопшти директорката на музејот, Даниела Николова на отворање на четвртото издание на меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“.

Едно уметничко дело, признанија, лични ракописи, ордени и други документи ќе го красат музејскиот фундус. Директорката на Музејот, Даниела Николова изрази благодарност до семејството на Анте Поповски и најави голема ретроспективна изложба на која сите овие предмети ќе бидат претставени пред пошироката јавност.

Годинашниот добитник на почесното признание „Антева златна книга“ е академик Влада Урошевиќ. Наградата му ја врачи професор доктор Венко Андоновски.

Добитник на наградата „Антево перо“ е поетот Братислав Ташковски за книгата „Небесни разговори“. Наградата „Антев златник“ ја добија Елизабета Баковска за збирката поезија „Сите болки станаа мои“ и Димитар Арнаудов за книгата „Ѕвезден часовник“.

Наградата „Антев часовник“ што се доделува за млад автор ѝ припадна на Марија Филипова за книгата „Твоите далги на брегот на Стикс“. Антевиот часовник што ѝ беше врачен на младата авторка, всушност припаѓал на великанот Поповски.

Како дел од манифестацијата се одржа и поетско читање на кое настапија овогодишните добитници на наградата „Антево перо“.

За оваа награда конкурирале дури 69 автори. Синот на Анте Поповски, Александар вели дека во изминатите четири години како постои манифестацијата, пријавени се 320 електронски книги.

Манифестацијата продолжува и денеска во Лазарополе, родното место на Анте Поповски со научниот симпозиум „Антево дело“, што од оваа година има меѓународен карактер. На симпозиумот ќе учествуваат десетина истакнати книжевни проучувачи, при што ќе се отворат и прашања за досега помалку истражувани сегменти од волуменозниот творечки опус на Поповски.

Во Лазарополе ќе биде организирана и вечер со творештвото на академик Анте Поповски, именувано според неговата прва книга – „Одблесоци“, а во текот на третиот ден од манифестацијата, учесниците ќе ја посетат неговата родна куќа по што во Паркот на книжевноста ќе се одржи поетското читање „Провиденија“.

Анте Поповски донација култура Лични предмети музеј
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.