На територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 182 мерки, меѓу кои 46 за возење над дозволена брзина, 20 за возење без возачка дозвола, четири за возење под дејство на алкохол, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се осум мерки за користење на мобилен телефон, пет за некористење сигурносен појас, пет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 62 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, соопшти МВР.