Author: Sashko

Полициски службеници од СВР Куманово – Отсек за економски криминал извршија претрес во работните простории на Очно одделение при ЈЗУ Општа болница – Куманово и патничко моторно возило „опел астра“, паркирано во кругот на болницата. Претресот е извршен по претходно добиени оперативни сознанија, односно основано сомнение за примање поткуп и злоупотреба на службената положба од страна на лекарката Е.С. При претресот во Очното одделение при ЈЗУ Општа болница – Куманово од медицинската сестра одземени се 18.000 денари, а при претрес во возилото, сопственост на лекарката Е.С. одземени се околу 98.000 денари. Е.С. е приведена и против неа ќе биде поднесена…

Read More

Германија го предложи актуелниот генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО), Етиопјанецот Тедрос Аданом Гебрејесус за втор мандат, соопшти денеска германското Министерство за здравство. Германија го именува Тедрос за нов мандат, изјави портпаролот на германското Министерство. Во 2017 година, Тедрос Аданом Гебрејесус стана првиот Африканец на чело на таа СЗО. Етиопскиот дипломат сè уште официјално не објави дали ќе се кандидира за втор петгодишен мандат, но дипломатски извори велат дека тој е кандидат.

Read More

Вакцинацијата против ковид-19 ширум светот е од клучно значење без одлагање, рече претседателот Стево Пендаровски во видео обраќањето на виртуелниот Глобален самит за борба против коронавирусот – „Крај на пандемијата и поставување на подобри основи како подготовка за следната“. Самитот е организиран од претседателот на САД, Џо Бајден, на маргините на 76. Генерално собрание на Обединетите нации, што се одржува во Њујорк. За да се достигне висока стапка на вакцинација на глобално ниво, како што рече претседателот Пендаровски, сите треба да се бориме против системските неправди со фер, инклузивна и правична распределба на ефикасни вакцини. Шефот на државата изрази поддршка на…

Read More

Пишува: Симонида Кацарска Привлечноста на ЕУ за западниот Балкан конвенционално се објаснува преку очекувањата за забрзан демократски и економски развој. Имајќи ги предвид неодамнешните војни и конфликти во регионот, исклучително е значајно приближувањето кон ЕУ да се гледа и од перспектива на безбедноста и помирувањето. Корисна алатка за таа анализа е Глобалниот индекс за мир, кој проценува неколку аспекти на мирот, вклучително општествена безбедност, тековни домашни и меѓународни конфликти и ниво на милитаризација на ниво на држава и регион. Според индексот, Европа вообичаено е најдобро рангиран регион во целиот свет од воведувањето на индексот во 2008 година. Во извештајот од…

Read More

Министерството за здравство (МЗ) информира дека, согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во последните 24 часа во земјава се направени 3.747 тестрирања од кои се регистрирани 491 нов случај на ковид-19 и 16 починати пациенти. Најмногу се забележани во Скопје – 232, потоа во Куманово – 41, во Штип – 26, во Велес – 20, во Битола – 19, во Охрид – 17, во Кавадарци – 16, во Прилеп – 15, во Струмица – 14, во Свети Николе и во Кратово – по 10, во Кочани и во Радовиш – по осум, во Гостивар и во Кичево -…

Read More

Поради високата инциденца на новозаразени со ковид-19, албанскиот технички комитет на експерти за справување со пандемијата, денеска одлучи да останат во сила веќе постојните ограничувачки мерки, со апел за масовна вакцинација. Тоа значи дека продолжува полицискиот час во период од 23 до 6 часот, музика во угостителските објекти се дозволува до 23 часот, а присуство на настани со 30 отсто исполнетост од капацитетот. Граѓаните кои влегуваат во Албанија од сите гранични премини мора да поседуваат сертификат за вакцинација, при што од денот на ревакцинацијата треба да изминале најмалку две недели, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, брз антиген…

Read More

Словенечкиот парламент денеска го отфрли предлогот за воведување на парични казни за „недолично однесување“, јавно поддржан од партиите на владејачката коалиција. Опозицијата го оцени предлогот како обид на Владата повторно да воведе „вербален деликт“ во обид да ги замолчи критиките поради нејзината политика. За измената на Законот за јавен ред и мир гласале 43 пратеници, а 44 од нив биле против. Според одбиениот предлог, секој што се расправа, вика или се однесува недостојно кон поединец или група луѓе на начин што предизвикува нивно вознемирување или чувство на загрозеност, и го нарушува угледот на овие лица, ќе биде казнет од 500…

Read More

Словенечката влада е во преговори со швајцарската фармацевтска компанија „Новартис“ за производство на вакцини против ковид-19 во Словенија, објави „Дело“. Интензивните контакти меѓу словенечката влада и „Новартис“ траат неколку месеци, откако словенечкиот премиер Јанез Јанша се сретна со Ричард Сајнор, директор на „Сандоз“, оддел за генерика во „Новартис“, во мај, објавувајќи дека производството на вакцини во Словенија може да почне пред крајот оваа година, наведува весникот. Преговорите се однесуваат на деловните услови во Словенија и нејзиниот даночен систем, а не на можните финансиски стимулации за инвестиции на „Новартис“ во Словенија. Во врска со можното проширување на производството во областа на…

Read More

Денеска во нашата земја пристигнаа 110.612 вакцини на „Фајзер“ и „Бајонтек“. Пристигнатите вакцини, за кои има голем интерес кај граѓаните, ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум земјата со цел да се обезбеди непречен процес на вакцинација, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил. Вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат единствен начин да се стави крај на пандемијата. Целосната вакцинација ја намалува шансата од заболување од ковид-19, развивање на тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход, пишува министерот за здравство. Само со вакцинација, како што посочува Филипче, можеме да го сочуваме личното здравје, но и…

Read More

Повеќе од 652.000 граѓани се сами се попишале преку интернет порталот е-Граѓани во Хрватска. Ова е прва фаза од статистичката операција во земјата и ќе трае до недела до кога се очекува да се попише една третина од населението. Останатите треба да бидат попишани од 8.000 попишувачи кои ќе излезат на терен в понеделник. Граѓаните кои одбиваат да се попишат или дадат неточни информации ќе бидат казнети од 2.000 до 5.000 куни, објави „Вечерњи лист“.

Read More

Во Хрватска во текот на минатата година беа убиени 19 жени, а осум во првите осум месеци од оваа година, објавено е денеска по повод одбележувањето на Националниот ден за борба против насилство врз жените и во семејството. Минатата година беа пријавени 1.578 кривични дела за семејно насилство, а жените на возраст од 45 до 55 години се соочуваат со најголем ризик, изјави министерот за внатрешни работи, Давор Божиновиќ. Според полициските статистики, семејното насилство најчесто се случува кон средината на неделата, во среда, и според образовниот статус на сторителот, 61,64 проценти имаат завршено средно училиште, 21,92 проценти имаат основно училиште,…

Read More

Министрите за надворешни работи на Европската Унија (ЕУ) изразија силна поддршка и солидарност со Франција во понеделникот за време на состанокот во Њујорк на кој се разговараше за повлекувањето на Австралија од договорот со официјален Париз за нарачка за подморници во вредност од 40 милијарди американски долари во корист на американско-британскиот договор. Говорејќи по состанокот зад затворени врати на маргините на годишниот собир на светските лидери во Обединетите Нации (ОН), високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел рече дека е потребна „поголема соработка, повеќе координација и помала фрагментација“ за да се постигне стабилен и мирен индо-пацифички регион во…

Read More