Германија го предложи актуелниот генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО), Етиопјанецот Тедрос Аданом Гебрејесус за втор мандат, соопшти денеска германското Министерство за здравство.

Германија го именува Тедрос за нов мандат, изјави портпаролот на германското Министерство.

Во 2017 година, Тедрос Аданом Гебрејесус стана првиот Африканец на чело на таа СЗО. Етиопскиот дипломат сè уште официјално не објави дали ќе се кандидира за втор петгодишен мандат, но дипломатски извори велат дека тој е кандидат.