Денеска во нашата земја пристигнаа 110.612 вакцини на „Фајзер“ и „Бајонтек“. Пристигнатите вакцини, за кои има голем интерес кај граѓаните, ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум земјата со цел да се обезбеди непречен процес на вакцинација, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.
Вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат единствен начин да се стави крај на пандемијата. Целосната вакцинација ја намалува шансата од заболување од ковид-19, развивање на тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход, пишува министерот за здравство.
Само со вакцинација, како што посочува Филипче, можеме да го сочуваме личното здравје, но и да дадеме придонес за зачувување на колективното.