Author: Sashko

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Баиќ, присуствуваше на церемонијалот на одредување на квалификациските групи за Светското првенство 2023, во кои ривали на „црвено-жолтите“ ќе бидат Шпанија, Грузија и Украина. Добивме група која не изгледа атрактивна, но не е ниту лесна. Мојата тренерска филозофија вели дека повеќе сакам противниците да размислуваат за нас, отколку ние за нив. Така и овојпат. Во разговорите со колегите кои се тука во Женева, дознав дека се вложува многу и во Грузија, и особено во Украина. Тоа се сериозни селекции, за шпанската не сакам да дискутирам. Но, за мене не постои зборот предавање. Визијата е…

Read More

Русин пешачел една недела за да признае тројно убиство што го извршил под дејство на алкохол во оддалечено место на крајниот исток на Русија, соопштија локалните власти. Убиствата се случиле во август на фарма за ирваси во близина на Хабаровск, соопштија руските истражни власти. Додека пиел алкохол со пријател, еден човек му се спротивставил и го застрелал со пушка, а потоа застрелал и две жени на фармата. Бидејќи местото на злосторството било далеку и немало превозни средства, тој една недела пешачел до Охотск, каде што го признал делото во полиција, велат инспекторите. Приведен е маж, чија возраст и идентитет не…

Read More

Саша Богдановиќ нема да биде во игра за нов мандат во Општина Центар на претстојните локални избори од редовите на СДСМ. Владеачката партија „во центар“ ќе гаѓа со Горан Герасимовски, соопшти генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски кој во јавноста сподели уште дел од имињата на кандидати за градоначалници. Поранешниот портпарол на СДСМ, а сега пратеник, Костадин Костадинов ќе биде фаворит на социјалдемократите „во битката“ за Струмица, бизнисменот Христо Кондовски ќе „трча“ во дресот на владеачката партија за Битола, додека Александар Наумовски ќе се бори за нов мандат во Ѓорче Петров. Оливер Илиевски е понудата од СДСМ за електоратот во…

Read More

Премиерот Зоран Заев денеска замина за Словенија каде утре ќе учествува на лидерскиот панел „Иднината на Европа – Проширувањето“, кој е дел од  16. Стратешки форум „Иднината на Европа“ што се одржува на Блед. Воведно обраќање на панелот ќе има словенечкиот претседател Борут Пахор, а ќе учествуваат комесарот за соседство и проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, како и премиерите на Словенија – Јанез Јанша, на Црна Гора -Здравко Кривокапиќ, на Косово – Албин Курти, на Полска – Матеуш Моравјецки, на Албанија -…

Read More

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска оцени дека е „неопходно“ аеродромот во Кабул да остане отворен и вети дека нема да бидат заборавени оние кои се обидуваат да избегаат од талибанскиот режим во Авганистан по заминувањето на последните американски војници. Одржувањето на отворен аеродром е од суштинско значење, како за да се обезбеди хуманитарна помош за народот во Авганистан, така и за да бидеме сигурни дека можеме да продолжиме со евакуација на луѓето, оние кои сакаат, но не можеа да си заминат, истакна Столтенберг. Според него, НАТО е посветен на продолжување на работата за евакуација на Авганистанците. Нема да…

Read More

Народната банка попладнево соопшти дека во вториот квартал од годинава кај трансакциите со нерезиденти остварени се нето приливи од 69,1 милиони евра. Позначајни нето приливи се остварени кај директните инвестиции и заемите. Девизните резерви бележат зголемување за 94,5 милиони евра. Во овој период, во тековните трансакции со нерезиденти е остварен дефицит од 120 милиони евра, или за 28,2 милиони евра повеќе во однос на истиот период минатата година. Во однос на одделните компоненти, зголемен е суфицитот кај секундарниот доход и кај размената на услуги, додека дефицитот кај стоковната размена и примарниот доход забележа проширување.

Read More

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во 16.30 часот ќе одржи прес-конференција на која ќе соопшти уште дел од кандидатите за градоначалници на владеачката партија кои беа утврдени на синоќешната седница на Извршниот одбор.

Read More

Државна изборна комисија (ДИК) соопшти дека заклучно до 21 часот на 30 август, вкупно 9.890 лица се провериле во Избирачкиот список. Поднесени се вкупно 18 барања за запишување во Избирачкиот список, 18 барања за бришење на податоци од Избирачкиот список и 11 барања за измена на податоците во Избирачкиот список. До ДИК на меил адресата upisis@sec.mk се поднесени вкупно 30 барања.

Read More

Џихадистичката група „Исламска држава“ презеде одговорност за денешниот ракетен напад кон аеродромот во авганистанскиот главен град Кабул. Војниците на калифатот истрелаа шест ракети кон меѓународниот аеродром во Кабул, се наведува во соопштението на ИД. Неколку ракети беа истрелани рано утрово кон меѓународниот аеродром во Кабул, но беа пресретнати од американски противракетен систем, изјави неименуван американски претставник за западни медиуми. Според него, биле испукани пет проектили, но тој не прецизира дали американската армија ги соборила сите. Тој додаде дека според првичните извештаи, нема жртви меѓу американски државјани.

Read More

Ограбувачи на банка врзаа заложници на своите автомобили при бегство од полициската рација во градот Аракатуба на југот на Бразил. Полициски извори соопштија дека најмалку три лица загинаа, меѓу кои и еден од осомничените. Официјални лица истакнаа дека во грабежот учествувале повеќе од 50 луѓе, блокирајќи ги патиштата со запалени автомобили и поставувајќи експлозивни направи низ целиот град. Na fuga, os reféns foram amarrados nos veículos. Tentativa de impedir qualquer contra-ataque da polícia ao grupo. Deus guarde essas pessoas e todos de Araçatuba. Todas as agências bancárias do centro foram invadidas – informações preliminares. pic.twitter.com/lu0hBlcTCu — Yuri Macri (@yurimacri) August…

Read More

Албанскиот комитет на експерти за справување со пандемијата, по анализа на состојбата со ковид-19, донесе одлука за воведување на нови ограничувачки мерки за влез во земјата, а го зголеми и времетрањето на полицискиот час, кои стапуваат во сила од први, односно шести септември. Почнувајќи од 1 септември, полициски час ќе трае од 23 до 6 часот, додека од 6 септември, граѓаните кои влегуваат во Република Албанија од сите гранични премини мора да исполнуваат еден од следниве три услови: да поседуваат пасош за вакцинација, при што од денот на ревакцинацијата треба да минале најмалку две недели, негативен ПЦР тест не постар…

Read More

Европската Унија (ЕУ) планира да препорача на земјите-членки да ги обноват ограничувањата за туристите од САД поради зголемување на нивото на инфекции со коронавирус, објавија денеска европски дипломати. Според дипломати на ЕУ кои зборуваа под анонимност, најновите упатства може да пристигнат веќе оваа недела, бидејќи процесот на ревизија сè уште е во тек. Секоја одлука ќе биде необврзувачка, бидејќи ЕУ нема унифицирана туристичка политика поврзана со ковид 19, а националните влади имаат овластување да одлучат дали ќе ги остават своите граници отворени за туристи од САД. Одлуката за отстранување на САД од листата на безбедни земји за несуштински патувања ќе…

Read More