Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Обединетите Нации (ОН) соопштија дека се подготвуваат за можно иселување на уште половина милион бегалци од Авганистан до крајот на 2021 година. Во моментот има вонредна хуманитарна состојба во Авганистан, изјави заменичката на високиот комесар на УНХЦР, Кели Клементс. И „ова е очигледно навистина динамична ситуација“, рече таа, објаснувајќи дека УНХЦР планира акции за различни сценарија, вклучително и масовно иселување. Се подготвуваме за околу 500.000 нови бегалци во регионот. Тоа е најлошото сценарио, рече таа. Клементс особено ја нагласи потребата за засилување на поддршката за соседните земји, кои веќе прифаќаат повеќе од 2,2 милиони авганистански бегалци и кои наскоро може…
Флорида е најпогодената американска сојузна држава по појавата на новиот Делта сој на ковид-19, при што смртноста од вирусот моментно е поголема од кога било од почетокот на пандемијата, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Во изминатото деноноќие на Флорида од коронавирус починале 901 лице, додека инфицирани биле речиси 22.000 луѓе. Хоспитализациите се на максимално ниво. Овој негативен тренд се должи на указот на гувернерот Рон Десантис за забрана на спроведување на мерките на сојузната влада за задолжително носење маски. Во Оринџ, еден од најнаселените окрузи на полуостровот, околу 2.000 ученици се заразиле од коронавирус во првите две недели од…
Бројот на загинати во експлозиите на аеродромот во Кабул што вчера ги предизвикаа бомбаши самоубијци, се зголеми на најмалку 110, пренесува „Ал Џазира“. Агенцијата ТАСС наведува дека неколку илјади луѓе сè уште се наоѓаат на аеродромот во исчекување да заминат од Авганистан. Талибанците денеска соопштија дека најмалку 28 нивни членови загинале во бомбардирањата на аеродромот во Кабул, додека британските медиуми соопштија дека во нападите загинале најмалку 13 американски војници и 90 цивили. Одговорноста за вчерашните напади во Кабул ја презеде „Исламска држава-Хорасан“, ќелија на екстремистичката група Исламска држава. Западните земји стравуваат дека талибанците, кои некогаш му обезбедија засолниште на водачот…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во придружба на сопругата Емина, пристигна на шеријатската венчавка на Јасмина Изетбеговиќ, ќерка на Бакир и Себија Изетбеговиќ што се одржува во Гази Хусревбеговата џамија во Сараево. Ердоган пред џамијата беше пречекан од родителите на невестата. Erdogan stigao u Begovu džamiju pic.twitter.com/ji2mvLUoNq — TV N1 Sarajevo (@N1infoSA) August 27, 2021 Јасмина Изетбеговиќ и Ќамил Хумачкиќ ќе се венчаат денеска во Сараево каде ќе биде организирана шеријатска и граѓанска венчавка. Бројни познати личности од јавниот и политичкиот живот на БиХ пристигнаа како гости на свечената церемонија.
Обраќање на американскиот претседател Џо Бајден по денешните експлозии во Кабул кои однесоа 60 жртви, меѓу кои 11 американски маринци и еден воен лекар, а 140 лица, според извештаи на медиумите, се повредени. https://www.youtube.com/watch?v=9tBR5cMoiOA
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) вечерва во Истанбул, по пат на ждрепка, го одреди составот на осумте групи за новата сезона во Лигата на шампиони. Првите натпревари се закажани за 14 и 15 септември, а завршното коло ќе се игра на 7 и 8 декември. Финалето ќе се игра на 28 мај во Санкт Петербург. Група A: Манчестер сити, ПСЖ, Лајпциг, Бриж Група Б: Атлетико Мадрид, Ливерпул, Порто, Милан Група Ц: Спортинг Лисабон, Борусија Дортмунд, Ајакс, Бешикташ Група Д: Интер, Реал Мадрид, Шахтјор, Шериф Група Е: Баерн, Барселона, Бенфика, Динамо Киев Група Ф: Вилјареал, Манчестер јунајтед, Аталанта, Јанг Бојс Група Г: Лил, Севилја, Салцбург,…
Ракометарите на Вардар вечерва во Скопје го совладаа хрватскиот првак ППД Загреб со 24:20 (полувреме 14:12) во првиот четвртфинален натпревар во регионалната СЕХА лига. Тимур Дибиров и Анте Кудуз беа најефикасни „црвено-црни“ ракометари и постигнаа по седум гола, а одлично издание имаше и голманот Мартин Томовски. Реваншот во Загреб е во вторник со почеток од 20 часот. Завршниот Фајналфор турнир ќе се одигра од 3 до 5 септември во Задар, а прв полуфиналист е унгарски Веспрем, кој вечерва триумфира и во реваншот против хрватски Нексе со 30:25, откако на првиот натпревар победи со 35:33.
Жоржињо од Челзи е прогласен за најдобар фудбалер во изборот на УЕФА за минатата сезона во Лигата на шампиони, додека признанието во женска конкуренција ѝ припадна на Алексиа Путелјас од Барселона. За најдобар дефанзивец е избран бекот на Манчестер сити, Рубен Диас, додека во женската Лига на шампиони признанието го освои Ирене Паредес од ПСЖ. Голманот на европскиот првак Челзи, Едуард Менди е прогласен за најдобар чувар на мрежата во Лигата на шампиони во минатата сезона, додека наградата за најдобра голманка и припадна на Сандра Панос од Барселона. Германскиот стратег на клупата на Челзи, Томас Тухел, е избран за тренер…
Германија ги повлече сите свои војници од Авганистан со последниот лет за евакуација од Кабул, изјави министерката за одбрана, Анегрет Крамп-Каренбауер. Сите војници, членови на Министерството за надворешни работи и федералната полиција кои ја доведоа оваа мисија до безбеден крај за нас, полетаа од Кабул, рече министерката, додавајќи дека, согласно тоа, мисијата за воена евакуација е завршена. Новинската агенција ДПА претходно јави дека попладнево полета последниот германски воен лет за евакуација на германски државјани и локален персонал од Авганистан. Според податоците на германското Министерство за одбрана, Бундесверот префрлил 5.193 лица од почетокот на мисијата за евакуација од Авганистан, а биле…
Во последните 24 часа се регистрирани 1.082 нови случаја на ковид-19 од направени 5.982 тестирања, пријавени се 27 починати пациенти и оздравени 492 лица, информира Министерството за здравство (МЗ). Од 27-те починати пациенти, седум се од Скопје (84 год., 79 год., 78 год., 67 год., 67 год., 66 год. и 60 год.), шест од Тетово (85 год., 76 год., 74 год., 73 год., 69 год. и 60 год.), пет од Гостивар (72 год., 69 год., 65 год., 61 год. и 47 год.), тројца од Кичево (48 год., 46 год. и 45 год.) и по еден од Куманово (74 год.), Прилеп…
„Образовниот систеТВ м е подготвен за три сценарија – целосно физичко присуство, целосно онлајн и хибридно. Овие идеи се предложени и сте засегнати страни се известени. Владата во моментот има одлука да се започне со физичко присуство согласно нашите, но и искуствата на развиените земји“, истакна министерката за образование, Мила Царовска во емисијата „Жешко политичко лето“ на ТВ Канал 5. Нашите искуства кажуваат дека со 40 отсто од учениците во училница, минатата година немаше интерна трансмисија во училиштата. Целосно се почитуваа мерките и протоколите и институциите потврдија дека немаше ниту еден случај на интерна трансмисија, кажа Царовска. Таа додаде дека…
Со комплетирање на учесниците во групната фаза на Лигата на шампиони, познати се и екипите, кои ќе настапат во елитното клупско натпреварување во младинска конкуренција во кое македонскиот фудбал повторно ќе го претставува тетовска Шкендија. За актуелниот македонски фудбалски првак во младинска конкуренција ова ќе биде трет едноподруго настап во Лигата на шампиони, чие издание минатата сезона беше откажано поради пандемијата на коронавирус. Противникот на Шкендија во 1. квалификациско коло ќе биде познат во вторник за кога во Нион е закажана ждрепката. Првите натпревари ќе се играат на 29 септември, додека реваншите од 1. квалификациско коло се на програмата на…