Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во придружба на сопругата Емина, пристигна на шеријатската венчавка на Јасмина Изетбеговиќ, ќерка на Бакир и Себија Изетбеговиќ што се одржува во Гази Хусревбеговата џамија во Сараево.

Ердоган пред џамијата беше пречекан од родителите на невестата.

Јасмина Изетбеговиќ и Ќамил Хумачкиќ ќе се венчаат денеска во Сараево каде ќе биде организирана шеријатска и граѓанска венчавка. Бројни познати личности од јавниот и политичкиот живот на БиХ пристигнаа како гости на свечената церемонија.