Author: Sashko

Израел соопшти дека го укинува повеќедецениското ограничување за хомосексуалците кои сакаат да даруваат крв. Промената на израелската политика следи откако во јуни Велика Британија им дозволи на хомосексуалците и бисексуалците да донираат крв, по сличниот потег на САД минатата година. Забраната геј мажи да даруваат крв е остаток од стереотип што припаѓа во минатото. Секој дарител на крв кој сака да спаси животи ќе биде третиран подеднакво, без оглед на полот или сексуалната ориентација, рече министерот за здравство Ницан Хоровиц, кој и самиот е деклариран хомосексуалец. Од 1 октомври формуларите што мора да се пополнат пред дарување крв ќе се…

Read More

Вториот мандат за формирање влада на Бугарија, претседателот Румен Радев утре ќе го предаде на втората по големина парламентарна група во 46. Национално собрание – Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) . Од неговиот кабинет соопштија дека мандатот ќе го предаде во 9:30 часот по локално време, пренесува агенцијата БГНЕС. Од ГЕРБ претходно изјавија дека веднаш ќе го вратат мандатот, но сепак ќе претстават состав на Министерскиот совет. Даниел Митов повторно ќе го прифати и ќе го врати досието на претседателот. Според лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, партијата ќе претстави премиер и кабинет за да можат другите да се…

Read More

Талибанците, како што најавија неодамна, објавија формирање на Исламски Емират на Авганистан, четири дена откако го преземаа Кабул од владата и 102 години откако Британија се откажа од власта над таа земја, пишува РТ. Портпаролот на Талибанците, Забихула Муџахид преку објава на Твитер го објави формирањето на новата држава, споделувајќи и фотографија од нејзиното знаме со грбот. Соопштението доаѓа на помалку од една недела по падот на главниот град на Авганистан, Кабул, во рацете на оваа исламистичка екстремистичка група. Талибанците веќе подолго време во својата комуникација го користат името Исламски емират на Авганистан. Екстремистичката група во неделата објави дека ја…

Read More

Илјадници Авганистанци кои очајно се обидуваат да го напуштат Авганистан откако Талибанците се вратија на власт, се најдоа заглавени меѓу нивните контролни пунктови и американскиот прстен околу главниот аеродром во Кабул. Има уште повеќе кои се обидуваат да влезат во просторот на различни амбасади во Кабул, бидејќи се шират гласини дека е можно да се добие виза или барем безбеден премин до аеродромот. Според непотврдени извештаи кои се споделуваа по социјалните медиуми, неколку луѓе беа убиени додека американските сили и Талибанците се обидуваа да ја потиснат, секој од своја страна, очајна толпа. Дојдов на аеродром со деца и семејството. Талибанците…

Read More

Пожарот што синоќа избувна кај Стар Град на Хвар, на ‘ртот Кабал, го гасеа 50 пожарникари со 20 противпожарни возила, а утрово напомош пристигнаа и три канадери, па огнената стихија е ставена под контрола околу 11 часот. Протипожарниот командир на Сплитско-далматинската жупанија, Иван Ковачевиќ потврди дека пожар беснеел кај ‘ртот Кабал на Хвар, западно од Стари Град. Во тој момент на локацијата интервенирале 50 пожарникари со 10 возила од Хвар. Požar jutros aktivan na Hvaru! @N1infoZG pic.twitter.com/XLGCdlxLc4 — Tea Blažević (@blaTeabla) August 19, 2021 Ковачевиќ подоцна порача дека пожарот е ставен под контрола околу 11 часот, канадерите го напуштаат опожареното…

Read More

Доверливите податоци од американските разузнавачки агенции во текот на летото предвидуваа многу мрачна слика за Авганистан, односно укажуваа дека Талибанците можат брзо да го освојат Кабул и да доведат до колапс на авганистанската армија, иако американскиот претседател Џо Бајден и неговите советници рекоа тоа е малку веројатно дека ќе се случи во краток временски период. До јули, бројните извештаи на разузнавачките служби беа песимистични по прашањето дали авганистанската војска може да пружи сериозен отпор и дали владата може да го задржи Кабул, објави „Њујорк тајмс“. На 8 јули, Бајден рече дека авганистанската влада „тешко ќе падне“ и дека нема да…

Read More

Талибанците објавија дека ќе владеат со Авганистан според шеријатот или исламскиот закон. Групата го зазеде главниот град Кабул во неделата и сега повеќе од 95 отсто од територијата на земјата е под контрола на талибанците. Што се случи во Авганистан? На првата прес-конференција по преземање на контролата врз Авганистан, портпаролот на Талибанците рече дека прашањата како што се медиумите и правата на жените ќе се почитуваат „во рамките на исламскиот закон“, но групата сè уште не дала никакви детали што ќе значи тоа во пракса. Добитничката на Нобеловата награда за мир, Малала Јусуфзаи, која беше застрелана во глава од талибанците…

Read More

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 11 до 20 степени, а максималните ќе се движат од 29 до 35 степени. УВ индексот ќе биде 8. Во Скопје ќе преовладува претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17 степени, а максималната до 32 степена. Од УХМР информираат дека во наредните денови нè очекува променливо и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Во петок попладне…

Read More

Италијанскиот премиер Марио Драги планира да свика итна средба на врвот на Г -20 што ќе биде посветена на ситуацијата во Авганистан, објави весникот „Ла Република“. Претходно закажаниот самит на Г -20 ќе се одржи во Рим на 30 и 31 октомври оваа година, но според изданието, кабинетот на Драги работи на одржување на вонреден состанок на шефовите на држави или влади на дваесет водечки економии во врска со преземањето на власта на талибанците во Авганистан.

Read More

Лидерот на радикалното талибанско движење Хајбатула Ахунџада нареди ослободување на политичките затвореници од затворите во Авганистан. Информацијата ја пренесе портпаролот на Талибанците, Кари Јусуф Ахмади. Врховниот водач на Исламскиот емират, шеикот Ал-Хадис Хаибатула Ахунџада (Хафизула), нареди ослободување на политичките затвореници од сите затвори. Провинциските гувернери безусловно ќе ги ослободат сите политички затвореници од низок и висок ранг од затворите во земјата и од утре ќе им ги предадат на нивните семејства, напиша Ахмади на Твитер.

Read More

Нов Зеланд одобри употреба на вакцината на „Фајзер“ и „БајонТек“ за деца и адолесценти со цел да се сузбие ширењето на коронавирусот, соопшти денеска премиерката на таа земја Џасинда Ардерн. Нов Зеланд од денеска е во строго „затворање“, откако беше идентификуван еден случај на локална трансмисија на вирусот, прв по речиси шест месеци. Кластерот во Окленд сега има 21 случај на инфекција, од кои 11 нови случаи се регистрирани во изминатото деноноќие.. Ардерн рече дека децата на возраст од 12 до 15 години ќе можат да ја примат вакцината против коронавирус на „Фајзер“ и „БајонТек“. Безбедно и добро е да…

Read More

Претпоследниот ден од годинашното фестивалско издание на „Охридско лето“ е резервиран за театарската претстава „Мојот маж“, режисерска поставка на Јелена Томиќ, во изведба на Југословенскиот драмски театар од Белград. Станува збор за претстава работена по текст на Румена Бужаровска, која во збирката раскази „Мојот маж“ создава портрети на различни жени, а поентата на нивната поврзаност е фактот дека мажите се централен фокус на нивните животи и постапки. Динамиката на односите е секогаш иста – мажот е на пиедесталот, а жената во сивата зона на постоењето ги реализира своите цели и потреби без да ја наруши или загрози машката позиција и…

Read More